Хороскоп за јуни 2020: Многу љубов за водните знаци!

Во јуни, планетата Меркур ќе престојува во знакот на Рак, носејќи нови можности за сите водни знаци. А вие во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви резервираа ѕвездите за месец јуни!

Овен: месец полн со љубов
Месец јуни за Овновите ќе означи важен момент на транзиција. Ќе биде месец во кој можеби ќе недостасуваат големи изненадувања, но ќе ве подготви за идните успеси. Имајте на ум дека, почнувајќи од 29от ден, планетата Марс ќе влезе во вашиот знак за да остане таму во текот на целата 2020 година! Марс, кој ја наоѓа својата привилегирана позиција во Овен, ќе ви даде голема сила, способност за дејствување, нови и борбени енергии за да ја добиете секоја битка. Дотогаш можете да имате корист од Сатурн, кој чува поволни карти за вас! Венера е од ваша страна – тоа ќе биде месец полн со љубов!

Бик: не губете ја трпеливоста
Со Сатурн во неповолна позиција во текот на целиот месец ќе биде тешко да се направат големи чекори напред. Сепак, од почетокот на јули, сè ќе стане полесно и ќе почувствувате големо олеснување! Јуни, сепак, нема да биде месец без изненадувања: ќе ги имате Јупитер и Меркур на ваша страна, подготвени да ви дадат нови можности и професионални контакти што ќе вродат со плод во наредните месеци. Поволниот Марс до 29-от ден ќе ви донесе многу енергија, но постои и ризик да се однесувате премногу импулсивно и лесно да ја изгубите трпеливоста, особено со партнерот.

Близнаци: Венера не ве напушта!
Венера нема да ве напушти дури и во текот на месец јуни! Подгответе се да живеете уште еден месец полн со љубов и страст благодарение на поврзаноста на оваа планета која го продолжува својот долг транзит во вашиот знак. За многу парови јуни ќе се покаже како важен период во кој треба да се донесат одлуки за иднината. Дури и на професионален план, за оние кои работеа напорно, првите резултати би можеле да пристигнат, благодарение на поволната позиција на Сатурн. Неповолниот Марс, од друга страна, ризикува да ви донесе малку повеќе замор.

Рак: не трошете време!
Јуни ќе биде навистина среќен месец за вашиот знак! Меркур ви ветува нови можности кои треба да ги искористите! Не трошете време: во јули планетата Сатурн ќе се врати во опозиција и може да се појават блокади. Марс, исто така, ќе биде на ваша страна, подготвен да ви ја даде целата сила што ви треба за да реагирате и да се борите против непријателските планети, пред сè со Јупитер, кој продолжува да ви носи тежок период со поставување пречки на вашето професионално достигнување. Во љубовта, пред осамените се нови средби.

Лав: малку стрес 
Планетата Сатурн ќе биде во опозиција со вашиот знак до јули: ова ќе го направи вашиот месец јуни – како што беа април и мај – доста стресен. Едноставно мора да бидете трпеливи, особено од професионална гледна точка: наскоро ќе дојдат вистинските можности, но за момент е подобро да не преземате премногу ризици и да не ја ризикувате сигурноста за неизвесното, Од друга страна пак, ќе уживате во одлично ѕвездено небо во однос на чувствата: Венера ќе остане на ваша страна цел месец, подготвена да ви ја дадат целата љубов што ја заслужувате!

Девица: неповолна Венера
Месецот јуни изгледа прилично стресен за вашиот знак, и од психолошка и од физичка гледна точка: до 29ти, всушност, ќе мора да ја издржите опозицијата на Марс, што ќе ви ја одземе енергијата. Покрај тоа, во текот на целиот месец, планетата Венера ќе заземе неповолна позиција, со што ќе донесе контрасти и тензии во вашиот живот на пар. За среќа, можете да сметате на помошта на Јупитер и на Меркур, подготвени да ви дадат многу среќа во професионалната сфера: може да добиете добри вести за вашата работа или да го најдете одговорот што го баравте.

Вага: одите кон промена
Јуниското небо за вашиот знак ќе биде поволно во поглед на чувствата. Можете да сметате на раскошната Венера во позитивен аспект во текот на целиот месец. Некои парови можеби ќе решат да живеат заедно, да стапат во брак, да имаат деца…Сатурн пак, ќе ве турка кон промени и важни одлуки. Внимание, сепак, на работниот фронт: и планетата Меркур и планетата Јупитер се во неповолна позиција. Може да се појават забавувања, блокади или вонредни ситуации. Не е поволно време да се започне со нов деловен потфат.

Шкорпија: смиреноста се враќа 
Месецот јуни – по зафатениот мај – носи малку спокојство. Се разбира, недостатокот на позитивен Сатурн не дозволува итно закрепнување, но на убави моменти може да сметате благодарение на Меркур, Марс и Јупитер, подготвени да донесат решенија, особено во професионалната сфера. Пред вас се нови можности и одговори. Сигурно нема да има недостаток на енергија, физичка и духовна сила, за да започнете нов потфат или во секој случај – нова фаза од вашиот живот. Од сентиментална гледна точка, сепак, може да има малку поголема тишина.

Стрелец: Венера во опозиција
Долгиот транзит на Венера во знакот на Близнаци не ви дава мир: дури и месец јуни ќе се карактеризираат со проблеми и тензии во сентименталната сфера. Опозицијата на планетата на љубовта може да доведе до тоа некои парови до крајот на јуни да се разделат. Марс е, исто така, во неповолна позиција и ве прави да се чувствувате уморни и под стрес: за среќа, почнувајќи од 29от ден, ќе ви се врати насмевката, ветувајќи ви дефинитивно помирен месец јули. Сатурн е од ваша страна, ви помага да испланирате револуционерни идеи.

Јарец: исечете ги сувите гранки!
Јуни – за жал – ќе се карактеризира за вашиот знак со опозицијата на Меркур. Оваа година дефинитивно сте фаворизирани од професионална гледна точка: успехот и победата ќе бидат ваши до крајот на 2020 година, но во меѓувреме – овој месец – може да донесе куп забавувања. Иако Јупитер останува на ваша страна и го фаворизира успехот на вашите проекти, може да наидете на отпор заради погрешни сојузи, до соработници што ве бојкотираат. Поволниот Марс ќе ви даде сила и се што ви треба за да ги исечете сувите гранки и да продолжите понатаму!

Водолија: одличен месец!
Уште еден одличен месец за вашиот знак, кој ќе може да смета – до почетокот на јули – на помошта од Сатурн. Во последниот период многу работевте на себе и сега конечно, патот пред вас и тоа што го преземате е многу појасно, си ги знаете сопствените приоритети. Некои од вас може да решат да тргнат по нова патека или да го направат изборот што долго време го одложувале. Венера е во поволна позиција во текот на целиот месец и ви обезбедува сила и стабилност во вашата врска. Животот во двојка може да биде подготвен за следниот чекор.

Риби: со моќноста на Марс!
Планетата Марс ќе остане во вашиот знак во текот на целиот месец јуни, и ви гарантира месец полн со голема сила, физички и емотивно. Оваа планета ве прави повеќе борбени од кога било, сигурни во тоа што го сакате и подготвени да ги реализирате сите планови! Ова пак ќе биде важно за решавање на проблемите, особено што ќе се појават на сентименталното поле: Венера е во неповолна позиција, и ќе ги изнесе на површина подземните тензии во вашиот живот на пар. Но, нови можности ве чекаат на работното место.

x

Check Also

Трикчиња кои секогаш успеваат: Како да ги растегнете тесните чевли

Сигурно ви се случило, сте купиле чевли и потоа заклучувате дека всушност ...