Хороскоп за МАРТ: Многу љубов за Биковите, Рибите и Јарците

Месецот март ќе се карактеризира со прекрасен премин на планетата Венера во знакот на Бик: многу среќа во љубовта ги чека земјаните знаци. А вие, во кој знак сте родени? Откријте  со нас што ви резервираа ѕвездите за месец март!

Овен: Добри вести на работа
Во март планетата Венера ве напушта за да се пресели во знакот на Бик. Емоциите од изминатите недели полека ќе ве напуштаат, но сепак, во вашата врска останува голема ведрина и таа е доволно силна. Март, исто така, ќе биде интересен месец од работна гледна точка, особено во периодот помеѓу  5ти и 17 ти, , кога поволниот транзит на Меркур би можел да ви донесе добра вест.

Бик: страста се буди!

Со месецот март и пролетта ќе се разбуди љубовта и страста! Почнувајќи од 6ти, планетата Венера ќе влезе во вашиот знак, носејќи ви супер поволни недели за сè што е поврзано со чувствата. Ако сте сами, секако ќе запознаете интересна личност која ќе ја засакате, а ако веќе сте пар -врската ќе стане посилна и постабилна, а можни се и разговори за следен чекор.  На работа, ве очекува среќно сценарио во кое ќе се гарантира долгорочен успех, сепак, може да наидете уште на неколку пречки на вашата патека во периодот помеѓу 5ти и 17ти, кога Меркур ќе заземе неповолна позиција.

Близнаци: изложени на ризик од здодевност 
Драги Близнаци, ако вашиот месец февруари беше прилично жив, што се однесува до чувствата, март најверојатно ќе биде малку поздодевен… а знаете, Близнаците не поднесуваат здодевност. Обидете се да не дејствувате импулсивно и да не правите активности за кои подоцна ќе се каете. На работен план, искористете го поволниот аспект на Меркур до 17-ти за да се посветите на некој работен проект: ќе ја добиете целата поддршка што ви треба за успешно да го спроведете! Меѓутоа, од 17ти па натаму, може да наидете на уште некои пречки.

Рак: закрепнување во љубовта
Драги Ракчиња, вие сте еден од најнефорсираните знаци од ѕвездите на почетокот на годината, па до сега, не ви беше баш лесно со многу планети во опозиција. За среќа, месец март ви дава одредено олеснување, особено во делот на чувствата: почнувајќи од 6ти, всушност, планетата Венера ќе престане да биде неповолна за вашиот знак и ќе започне да дејствува во ваша корист, помагајќи ви да го најдете спокојството во љубовта со партнерот, а можни се и нови романтични средби. Од работна гледна точка, очекувајте добри вести во втората половина на месецот. Марс во опозиција продолжува да прави да се чувствувате прилично уморни и со малку енергија.

Лав: комплициран месец 
За жал, месец март нема да биде многу лесен за вашиот знак, кој ќе мора да се бори со Венера во неповолна позиција и Меркур во опозиција до 17ти март. Во љубовта, тензии со партнерот може да се појават или засилат и нема да биде лесно да се справувате со нив со соодветна смиреност: ќе се чувствувате прилично под притисок, особено заради работата, со ризик да ја префрлите нервозата акумулирана во канцеларија, дома. За среќа, професионалната состојба ќе се подобри во последните десет дена во месецот и ќе можете да вратите дел од изгубената ведрина.

Девица: со наклоност на Венера!
Вие сте еден од омилените знаци на ѕвездите во оваа 2020 година: успехот сигурно ќе дојде до крајот на годината, но тоа не значи дека нема да наидете на пречки на вашиот пат … Овој месец ќе ве стави пред избори или одлуки кои воопшто не се едноставни , особено од 17ти па натаму, кога планетата Меркур – која веќе ви донесе тежок период во февруари – ќе се врати во опозиција. За среќа, сепак, сентименталната сфера ќе ви цути: во целиот месец можете да сметате на раскошната Венера во поволен аспект што, заедно со планетата Марс, ќе ви гарантира романса и страст.

Вага: смиреноста се враќа …
Драги Ваги, месец февруари не беше воопшто едноставен за вашиот знак, особено во однос на чувствата. Конечно, со месец март, повеќе нема да ја имате во опозиција планетата Венера: во вашиот живот ќе се врати смиреноста и, за оние кои штотуку станале сингл, ѕвездите им носат баланс и  моженост да се започне одново, малку по малку. Од професионална гледна точка, треба да ги искористите сите позитивни влијанија на планетата Меркур, која ќе дејствува во ваша корист помеѓу 5ти и 17ти помагајќи ви да ја пронајдете вистинската деловна можност.

Шкорпија: Венера во опозиција
Месец март- за жал – ќе се карактеризира со спротивставување на Венера на вашиот знак. Почнувајќи од 6-ти , планетата на љубовта ќе се обиде да ги стави дури и најцврстите парови во криза, вадејќи ги на површина проблемите и тензиите кои од одамна останаале во сенка.  Не грижете се премногу: ако сте со вистинската личност, од овој момент на криза може да излезете посилни од порано! На работа може да наидете на некои пречки или забавувања до 17-ти: од тој датум натаму, Меркур ќе се грижи да ви даде можности и контакти што ви се неопходни.

Стрелец: верувајте му на Меркур!
Месецот март ветува помалку искри на љубовен план од февруари.  Почнувајќи од 6-ти, планетата Венера ќе заземе неутрална позиција и ќе го направи вашиот живот во пар помалку интересен,  но тоа нема да предизвика моменти на криза. За оние кои се „сингл“, можни се интересни средби во првата половина на месецот. На работа, подобро е да воздржите од преземање акции до 17ти, а потоа – ќе ја имате милоста на Меркур на ваша страна, подготвен да ви ги дадете вистинските можности.

Јарец: каков триумф!
Месец март ќе биде вистински триумф за вашиот знак, еден од најсреќните во годината! Конечно, почнувајќи од 6ти, веќе нема да ја имате неповолната Венера и тензиите што го карактеризираа февруари ќе бидат само далечно сеќавање. Некои парови може да изберат да стапат во брак, или да почнат заедно да живеат, но ќе паднат и одлуки за дете … Планетата Меркур, заедно со Јупитер и Сатурн, ветува успех на деловен план,  особено во втората половина на месецот, кога ќе пристигнат одлични вести или важна потврда. Марс во знакот ве прави супер енергични!

Водолија: Љубовна болка
Драги Водолии, месецот март ќе донесе некаква љубовна болка на вашиот знак. Почнувајќи од 6-ти, всушност, ќе мора да се справите со Венера во неповолна позиција што ќе ве натера да се сомневате во сè: не сте тип кој прави сцени, кога нешто ве боли, претпочитате да се затворате во себе, останувајќи во тишина. Но, направете го токму тоа – обидете се да се соочите со проблемите со партнерот со отворено срце, барајќи дијалог колку што е можно повеќе: тоа ќе биде единствениот начин да ги решите проблемите! Најсреќен период на работното место ќе биде помеѓу 5ти и 17ти, кога Меркур ќе биде во вашиот знак.

Риби: важен месец!
Драги Риби, март ќе биде важен месец за вашиот знак, и навистина среќен! Сонцето и Меркур во знакот ви гарантираат професионален успех: можете да остварите одлични резултати, особено во втората половина на месецот. Поволниот Марс ви дава голема сила, гарантирајќи целосно враќање на енергијата по прилично заморниот февруари. Дури и во љубовта, небото ќе ви се насмее: почнувајќи од 6-ти можете да сметате на раскошната Венера во поволен аспект, подготвена да ви даде страст и многу убави чувства. Особено за осамените, ова ќе биде месец кој ќе се запамети!

x

Check Also

Неделен хороскоп (30.март до 5.април): Топ знаци на неделата – Близнаци, Вага и Водолија

Оваа недела планетата Марс ќе го напушти знакот на Јарец за да ...