Хороскоп за март: Многу љубов за воздушните знаци!

Во март, планетата Венера ќе престојува во Водолија, носејќи многу среќа во љубовта за сите воздушни знаци, но и за Овните и Стрелците. Љубовни проблемчиња пак, ќе имаат Шкорпиите и Биковите. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го мартовскиот хороскоп.

Овен – Каков месец!

Март ќе биде посебно убав месец за вас. Може да сметате на поддршката на Венера се до 26-ти март, која ќе ви донесе убави новости во емотивниот живот. Оние кои се веќе во врска може да сметаат на продлабочување и зацврстување на врската, а многумиа ќе се одлучат и за чекор понапред. Осамените Овни ќе имаат можности за бројни интересни средби. Држете ди очите отворени, љубовта е зад аголот! На работен план, исто така, среќата ќе ве следи, особено од втората половина на месецот, кога Меркур ќе застане на ваша страна.

Бик – Марс во конјукција

Март за вашиот знак ќе биде месец на голема сила и обновување на енергијата. Може да сметате на голема поддршка од планетата Марс која ќе биде во конјукција. Оваа планета ќе ви помогне да се чувствувате повеќе во форма отколку вообичаено, и да ја добиете секоја битка и на работен и на емотивен план! За жал, до 26-ти март Венера нема да ви дава поддршка, односно ќе биде неповолно поставена носејќи ви љубовни проблеми. Сметајте на разговори со партнерот, конгликти и бројни тензии на емотивен план. На работа пак, убави вести може да слушнете околу 13-ти.

Близнаци – Не влегувајте во кавги!

Овој месец ѕвездите ве советуваат, особено во првата половина на март, да не влегувате во кавги и објаснувања со претпоставените и колегите. Деловно, работите нама да ви одат од рака, затоа воздржете се барем до 14-ти март. Вториот дел од месецот ќе пристигнат посакуваните резултати и ќе бидете задоволни. На љубовен план, Венера ќе ве фаворизира се до 26-ти – ќе имате пријатни разговори со партнерот и ќе уживате во романтични мигови. Младите двојки ќе имаат можност да си ја зацврстат врската.

Рак – Доаѓа спокојство

Драги Ракчиња, после два месеца поминати во тензии и стрес, сега пристигнува за вас спокојството. Марс е во поволна позиција и ќе ви помогне да ја обновите енергијата чувствувајќи се многу поздраво и посилно, дури и на психолошки план. Љубовта ќе биде фавотизирана само во последниот дел од март, но во првата половина на месецот ќе успеете да се релвитализирате. На работа може да очекувате убава прва половина од месецот, до 14-ти, кога Меркур ќе биде на ваша страна и ќе ви отвора нови можности.

Лав – Љубовни проблеми

За жал, март нема да биде едноставен месец за вас, особено од гледна точка на чувствата. Се до 26-ти март, ќе мора да се соочувате со лошата поставеност на планетата Венера. Вашата релација ќе биде ставена на проба – ќе мора да се соочите со навиките и да се ослободите од рутината. Нестабилните врски може да завршат во овој кризен период, додека стабилните – ќе издржат со сериозни дискусии со партнерот. Сите овие кавги пак, ќе направат да се чувствувате уморни и нервозни, а на тоа ќе придонесе и неповолниот Марс. Добри вести пак доаѓаат на работен план и тоа кон средината на месецот!

Девица – Грижа на совест

Март нема да биде идеален месец за вашиот знак, но обидете се да се ослободите од грижите на совест кои постојано си ги наметнувате. Знаеме дека сакате да бидете рационални, но не барајте на се објаснување. Меркур за жал ќе биде во опозиција се до 13-ти март, што значи дека ќе се соочувате со напор и кочници на работен план, а резултатите никако да пристигнат. За среќа, Марс е поволен и ќе ви дава енергија полесно да ги издржите деловните битки. Собирајте енергија и не размислувајте премногу!

Вага – Кој може да ви одолее?!

Март ќе биде за вас месец во знакот на силните чувства! Венера е поволна се до 26-ти март, ќе ве награди со неодоливост и шарм, па тешко некој дека ќе може да ви одолее. Осамените Ваги ќе имаат можност да запознаат нови лица, особено во првиот дел од месецот. За жал, на работен план пак, нема се да ви оди од рака – од 13ти март ќе мора да се борите со опозицијата на Меркур кој ќе ви создава проблеми зад секој агол. Воздржете се од кавги со претпоставените и колегите.

Шкорпија – Тежок месец

Драги Шкорпии, за жал, март ќе биде еден од најтешките месеци за вас во годинава. Овој месец ќе биде карактеристичен по голем замор и психофизички стрес, акцентиран со планетата Марс во опозиција. И како тоа да ќе биде малку, па и Венера ќе ви го заврти грбот создавајќи ви проблеми и недоразбирања на емотивен план се до 26ти март. За среќа, убави вести и новости ве чекаат на деловно поле, особено во првиот дел од месецот кога се фаворизирани деловните средби и успеси.

Стрелец – Месец на љубовта

За вас, драги Стрелци, пролетта започнува со многу емоции. Март ќе биде ваш посебен месец на љубовта, сметајќи на одличната поставеност на планетата Венера, се до 26-ти март. На работен план пак, подобар ќе биде вториот дел од месецот, затоа се до 15-ти воздржете се од донесување на одлуки. До 15-ти, всушност, Меркур ќе биде неповолен и ќе ви создава деловни пречки, а резултатите никако да пристигнат! Уживајте затоа во љубовта.

Јарец – Треба да тргне на подобро…

Март за вас нема да биде секако некој незаборавен месец, но нема да имате ни посебни проблеми на ниедно поле. Значи, не очекувајте ни новости ни промени. Во вашиот случај, Меркур ќе ви создава нервози на работен план, а вие сакате сите работи да ги држите под контрола. Затоа, воздржете се, не мора ништо да правите на сила. На љубовен план, убави емоции ќе ве следат до средината на месецот, а потоа воздржете се од дискусии и кавги со партнерот. Сепак, не грижете се, врската ви е доволно силна па нема да имате посебни „потреси“.

Водолија – Венера е со Вас!

Одлични вести за вас Водолии – март ќе биде голем месец на љубовта! Венера ќе биде во конјукција се до 26ти март, подарувајќи ви преубави чувства и отворајќи ви ја секоја врата на љубовта. Ова ќе биде и одличен период за осамените срца – ќе добијат бројни посебни можности да се вљубат! Оние пак кои се во стабилни врски можно е да се одлучат на чекор понапред. На деловен план, одлични вести пристигнуваат во вториот дел од месецот, кога ќе бидат фаворизирани релациите со колегите и претпоставените. И уште еден плус, Марс е позитивен и ќе ве награди со голема енергија и добро здравје!

Риби – Многу важен месец

Мат ќе биде многу важен месец за вас – ќе пристигнат бројни потврди, особено на работен план, каде ќе чекорите напред со големи чекори. Меркур, всушност, останува во конјукција во првиот дел од месецот, подарувајќи ви многу прилики на кои нема да можете да им кажете не. Фаворизирани ќе бидат деловните средби, но и интересни средби на емотивен план. Би можеле да запознаете личност која ќе ја разбуди вашата љубопитност, а осамените Риби ќе имаат можност да уживаат во вистинска љубовна приказна кон крајот на март. На 26-ти март и Венера застанува на ваша страна ветувајќи ви романтична пролет.

x

Check Also

Инвестирај во своето знаење – студентски бенефити од Халкбанк за студирање во МБУ

Со најдобра програма за настава и учење во државата, според Шангајската листа, ...