Хороскоп за месец август: Незаборавно лето за Раковите, Шкорпиите и Рибите!

Во август планетата Венера ќе го напушти знакот на Близнаци и ќе влезе во знакот на Рак, внесувајќи многу среќа во љубовта на сите водни знаци. А вие во кој знак сте родени? Прочитајте го хороскопот за месец август.

Овен: мачен август
Вашиот месец август ќе биде малку измачен од гледна точка на чувствата. После долг престој во знакот на Близнаци, Венера влегува во Рак: тоа е транзит кој не е поволен за вашиот знак, што ризикува да донесе тензии меѓу вас и вашиот партнер. Сепак, подобро е од професионална гледна точка: почнувајќи од 6-от ден на август, планетата Меркур ќе се врати да дејствува во ваша корист, давајќи ви нови контакти и нови стимули. Физичкото здравје и сила ќе бидат обезбедени со прекрасниот Марс!

Бик: многу страст!
Дали сте подготвени да доживеете месец полн со страст? Почнувајќи од 8-ми ден, планетата Венера ќе дејствува во ваша корист, давајќи ви многу убави емоции. За осамените можни се состаноци наменети да траат многу подолго од летото… Од професионална гледна точка може да има мало тревожење, барем до 21 ден, кога планетата Меркур ќе ја направи комуникацијата со претпоставените и колегите покомплицирана. Веќе до крајот на месецот, ќе можете да закрепнете: со Јупитер и Сатурн од ваша страна, долгорочниот успех ќе биде ваш!

Близнаци: станувате свесни!
Драги Близнаци, овој месец – почнувајќи од 8-ми ден – планетата Венера ќе го напушти вашиот знак по долг престој. Во овој момент, треба да имате многу појасни идеи во однос на полето на чувствата: за добро или лошо,  сигурно сте повеќе свесни за себе и, во овој месец август, ќе го докажете тоа, покажувајќи зрелост што дури и ќе го зачуди вашиот партнер! Поволната планета Меркур до 21 ден ќе ви помогне да изградите нови односи, како во љубовната и во професионалната сфера. Марс ви гарантира добро здравје и енергија.

Рак: добредојде, Венера!
Со август ќе управува планетата Венера, која – почнувајќи од 8-ми ден – ќе заблеска во вашиот знак, давајќи ви еден месец полн со љубов и страст! Паровите кои веќе некое време се заедно, ќе откријат ново разбирање и ќе направат планови за иднината, додека осамените би можеле да имаат средби што ќе бидат наменети да траат. Меркур, ќе се врати да ви се насмевне почнувајќи од 21 ден, ќе ви донесе нови можности и добри вести од далеку. Марс е во неповолна позиција, за жал, ќе прави да се чувствувате малку поуморни од вообичаено.

Лав: полни со енергија!
Месецот август ќе се карактеризира со помошта на Меркур: почнувајќи од 8-ми ден, оваа планета ќе ви даде дополнителна поддршка во меѓучовечките односи, правејќи ве навистина неодоливи! Ќе можете да ја искористите оваа своја способност и во љубовните и во професионални области – секогаш да бидете харизматични и суперубедливи. Покрај тоа, поволниот Марс е подготвен да ве направи уште посилни од кога било. Тоа ќе биде лето полно со енергии, во кое ќе се опорави прилично комплицираниот почеток на годината.

Девица: смиреноста се враќа!
Конечно, месец август носи малку спокојство во вашиот љубовен живот! По неколку месеци со Венера во неповолна позиција за вашиот знак, почнувајќи од 8-ми ден, планетата на љубовта ќе се врати на ваша страна, помагајќи ви да ги решите проблемите со вашиот партнер, но ќе поттикне и нови љубовни средби. Почнувајќи од 21-от ден, дури и во професионалната сфера, ќе дојдат големи задоволства: Меркур ќе ви ги донесе сите можности што ги баравте, додека Јупитер ќе го обезбеди вашиот успех на долг рок.

Вага: дајте си малку опуштеност!
Драги Ваги, месецот август – за жал – нема да ви биде лесен за вашиот знак од гледна точка на чувствата: почнувајќи од 8-ми ден, планетата Венера ќе влезе во знакот на Рак, донесувајќи тензии и кавги во вашиот живот. За осамените ќе биде тешко да се случат врски што надминуваат едноставното летно флертување… Марс во опозиција, згора на тоа, ќе ве натера да се чувствувате прилично уморни и нервозни. За среќа, може да има некои добри можности на работното место во првиот дел од месецот … за остатокот, дозволете си малку релаксација!

Шкорпија: топол месец!
Месец август ќе биде одлучен за вашиот знак од емотивна гледна точка – почнувајќи од 8-ми ден – ќе може да сметате на раскошната Венера во Рак, подготвена да ја разбуди во вас желбата за љубов, но и многу страст! Без разлика дали станува збор за летен флерт или приказна која е наменета да трае, не е важно: задоволствата сигурно нема да изостанат во овој жежок август. Бидете внимателни, сепак, да не направите опасни избори на работното место, барем до 21 ден: нешто може да не оди како што сте планирале…

Стрелец: воздишка на олеснување!
Драги Стрелци, конечно можете да земете воздишка: почнувајќи од 8-ми ден, по долгите месеци измачувања, Венера нема да биде во спротивност со вашиот знак! Сега можете да ја најдете тишината. Паровите кои успеале да одолеат на овој долг спротивен транзит ќе бидат посилни од кога било. Ако, од друга страна, повторно сте сингл, сигурно ќе има интересни средби, особено во првата половина од месецот. Поволниот Марс ви дава енергии и сила што треба првилно да ја реализирате.

Јарец: Венера во опозиција
За жал месецот август не носи добри вести за вашето срце… Почнувајќи од 8-ми ден, планетата Венера ќе се спротивстави на вашиот знак! Ќе има доста напнати недели помеѓу вас и вашиот партнер, па дури и разделбата ќе биде на агендата … Но, има и добри вести, а се однесува на професионалната сфера: почнувајќи од 6 ден, планетата Меркур нема веќе да биде во спротивност со вашиот знак и од 21 ден тој ќе се врати да ве поддржи активно: ве чека втора половина од годината полна со успех!

Водолија: бидете трпеливи
Месецот август за вашиот знак најверојатно ќе биде малку резигниран од сентименталната гледна точка… После бурниот јули, сега ќе ви недостасуваат емоции и може да се чувствувате малку збунети. За жал, почнувајќи од 6 ден, планетата Меркур ќе се спротивстави на вашиот знак, а тоа ќе ризикува да создаде уште некои потешкотии во комуникацијата, како во семејството така и на работното место. Марс во Овен исто така ќе ве натера да останете често дома…Бидете трпеливи: веќе од 21 ден ситуацијата ќе се подобри значително!

Риби: лето на љубовта!
Драги Риби, одлична вест за вашиот знак, кој ќе живее еден месец во име на страста и чувствата! Конечно, почнувајќи од 8-ми ден, планетата Венера веќе нема да биде неповолна, па после неколку месеци – ќе се врати да ви се насмевне, давајќи ви месец полн со емоции и средби, особено фаворизирани во првиот дел од месецот. За жал, почнувајќи од 21 ден, планетата Меркур ќе се спротивстави: може да се појават недоразбирања, особено во контекст на работата, но ништо што не може да се реши!

x

Check Also

Вистински кујнски помошник – колку минути заштедува машината за садови?

Сите сакаме да имаме повеќе слободно време за семејството и најблиските пријатели, ...