Хороскоп за месец август: Топ знаци на месецот – Вага, Лав и Стрелец

Што ви подготвија ѕвездите за месецот август, прочитајте во месечниот хороскоп.

Овен– Во август нема да ви недостигаат пријателски наклонети ѕвезди, но некои планети ќе донесат по некој облак во вашиот секојдневен живот. Генерално се очекува убав период затоа што ќе биде полн со добра енергија испратена од Сонцето кое ќе биде многу пријателски расположено кон вас до 23ти август. Од 7-ми август Венера која ќе биде во опозиција ќе почне да ви создава проблеми на емотивно поле, особено кога ќе биде во лоша поставеност и Марс (од 13-ти август) . Затоа, внимавајте во втората половина на месецот да не си ја расипете врската со партнерот, а особено контролирајте ја љубомората.  Оние кои одат на работа, може да почувствуваат поголем замор од вообичаено. Сепак, работите на деловно поле ќе одат мазно, благодарение на поддршката од Сонцето и Меркур. Осамените Овни во текот на летото, особено за време на годишниот одмор, можат да сретнат интересни луѓе, а повеќето и да започнат врска.

Бик – Август ќе биде пријателски месец за вас Бикови, особено ако одлучите да заминете на годишен одмор и да заборавите на проблемите кои ве преокупираа во изминатиот период. Вашето тело и ум дефинитивно плачат за одмор. Од средината на август, Јупитер ќе биде во опозиција и ќе ви носи мали непријатности на работен или љубовен план, но затоа Марс ќе биде поволен и ќе ве награди со истрајност и самодоверба. Планетата на љубовта ќе биде позитивна до 7ми август, а потоа влегува во неутрално поле. По 23-ти август и сонцето се враќа со позитивно влијание. Значи, цел месец ќе биде на врвови и на падови, на среќни и помалку среќни денови. Избегнувајте ги кавгите во семејството, зашто не е период за решавање на големи работи, туку за уживање во малите нешта.

Близнаци – Август за вас ќе биде пријатен и интересен месец. Меркур ќе биде на ваша страна и ќе ви донесе одлични комуникации, па дури и напредок на работното поле. Од 23-ти август одлична ќе биде и поставеноста на сонцето па може да очекувате различни пријатни изненадувања. Позитивната енергија испратена од Сонцето ќе ви донесе и голем оптимизам и самодоверба. Освен напредување во кариерата, не е исклучена и промена на работното место, додека невработените ќе имаат шанса да добијат ангжаман. На љубовен план, исто така, ситуацијата ви е наклонета во текот на целиот месец, оние кои се во пар ќе имаат разбирање додека осамените ќе почувствуваат поголема желба да запознаат сродна душа. Доколку заминете на летување воопшто нема да ви биде тешко да запознаете нови лица, а за некои Близнаци пријателствата ќе преминат во љубов.

Рак – Ако до сега не сте заминале на одмор, мора да почнете сериозно да размислувате за денови на релаксација, зашто планетите се наострени и ви испраќаат замор. За среќа, Јупитер ќе остане во добра поставеност па ќе ве извлекува од секоја неповолна ситуација, но затоа Сатурн ќе биде неповолен и ќе ве става на искушување, давајќи ви и нови животни лекции. И на љубовен план работите не се во полн сјај. Венера ќе биде убаво поставена се до 7-ми август, но потоа влегува во не толку поволно поле за вас и ќе почувствувате дека од партнерот не добивате толку колку што сакате или заслужувате. Веројатно, во втората половина на месецот ќе се окупирате со големи размислувања за финансиите – можни се преговори за важен договор или за работа. За осамените Ракови пак, ситуацијата не е многу јасна, оние кои се активни и ги преземаат работите ќе имаат успех, додека оние кои се повлечени ќе им недостига доза на самодоверба.

Лав – Добри вести за родените во знакот на Лав – се намалува нетрпеливоста на планетите и може да сметате на еден мирен месец. Од 13-ти август Марс ќе биде во опозиција и може да ви создаде мали проблеми и недоразбирања на работното место, но посебно неговото влијание нема да го чувствувате. Додека пак, Венера, планетата на љубовта, од 7-ми август ќе се постави прекрасно, ќе направи да се чувствувате сакани и секси, а може да донесе и убави новости кај младите парови. Сепак, практичните работи ќе ве окупираат, пред вас ќе бидат дузина проекти кои ќе сакате да ги започнете или завршите. Ќе бидете поддржани од Меркур, планетата на комуникациите. Но, бидејќи Меркур е и планета која е одговорна за патувањата, не е исклучено дека ќе ви донесе релаксирачки период и одличен годишен одмор во друга земја. После долгиот период поминат со Марс во опозиција, и навистина потребен ви е добар одмор за да се вратите смирени и расположени. Август ќе биде убав месец и за паровите кои до сега имале проблеми. Меркур ќе ви помогне да го подобрите дијалогот, а Венера ќе ви даде страст. Одличен период и за осамените – нови пријателства и флертови.

Девица – Август ќе биде релаксирачки месец за Девиците. Планетите добро се поставени и не носат посебни вознемирувања на ниедно поле. Подршка ќе имате од планетата Марс, која ќе ви донесе сила и енергија, но тука е и Јупитер која ќе ве наградува со неочекувана среќа. Единствено, Меркур нема да биде многу поволен до 23-ти август, па може да ви прави недоразбирања со пријателите, на работното место или со партнерот. Поради ваквата поставеност на Меркур, во последната недела од месецот, може да почувствувате меланхоличност. Она што најмногу ќе ви треба е да размислувате за себеси, оставајќи ги настрана бројните обврски со кои бевте преокупирани во последните месеци. Токму годишниот одмор ќе ви овозможи да размислите за најновите настани и да можете да ставите точка на ситуацијата што не ви се допаѓала. Осамените Девици ќе бидат малку расеани на емотивно поле, но не треба да заборават дека сами се креатори на сопствената среќа.

Вага – За ваша среќа, во август се случува враќањето на Венера (вашата планета) во вашата куќа. Август ќе биде прекрасен месец за сите што сакаат да се забавуваат и да поминат интересни моменти со пријателите. Нови љубовни приказни можат да започнат на годишниот одмор, но и во градот. Сепак, ѕвездите не покажуваат јасно дали овие нови љубови ќе траат или пак, ќе бидат само кратки романси. Позицијата на ѕвездите покажува дека треба повторно да ја постигнете вашата хармонија. За Вагата, љубовта е лек, а таквиот лек ќе го добиете од личноста блиска на вашето срце или од пријателите и роднините. Меркур кој е добро поставен, препорачува патувањето да го организирате во поголема группа на луѓе – тоа ќе ви отвори нов начин да остварите нови искуства. На работното место, до последната недела од август нема да има значајни поместувања, но потоа Сатурн ќе биде неповолно поставен и ќе донесе до одложување на работите.  Но, не грижете се, наскоро Јупитер ќе пристигне во Стрелец и ќе може да ве поддржи.

Шкорпија -Август нема да биде релаксирачки месец за Шкорпиите, кои веќе го чувствуваат нервозното влијание на Марс. Негативното влијание на Марс, од 7ми август нема да го чувствуваат само Шкорпиите кои се родени во третата декада. Но, проблемите нема да доаѓаат, за жал, само од Марс, туку и од неповолно поставениот на Меркур кој може да ви донесе проблеми на работното место. Единствено Сонцето во овој период ќе свети и ќе ве наградува со енергија, па и покрај главоболките, нема да чувствувате посебен замор туку ќе ве тера да се справувате со проблемите.  Затоа ви требаат неколку дена одмор за релаксација, дури и ако обврските што треба да се направат не ви го дозволуваат тоа. Но, добро е да научите да кажете – стоп, и да најдете начин да заминете на патување, макар и да е тоа само за еден викенд. На работното место, возможно е да се случи некоја дискусија поради проблемите од економска природа. Љубовта, со Венера во Вага, не може да даде ветувања и се чини дека предвидува одредено одвојување за оние кои се во врска или брак. Но, не грижете се, веќе од следниот месец ситуацијата значително ќе се подобри.

Стрелец – Прекрасен месец ве чека, вас, родени во Стрелец. Пријателските планети ќе го направат вашиот одмор пријатен без разлика каде се наоѓате. Сонцето ќе биде позитивно поставено во поголемиот дел од месецот, но од 23-ти неговата светлина полека ќе почне да ве напушта. Сепак, ја имате поддршката од Меркур и Венера. И Марс, исто така, нема да ви создава никакви проблеми, а ќе ве награди со голема физичка сила, како и оптимизам. Затоа, ако го сакате спортот, во овој период може да постигнете одлични резултати. Благодарение на планетата на љубовта, ќе бидете привлечни за спротивниот пол, па не се исклучени повеќе флертови или романси. Осамените Стрелци, не треба воопшто да се грижат дали ќе останат осамени – сега, со прекрасната Венера, ќе можат да одбираат партнери. Би било одлично ако можете август да го искористите за патување, зашто таму ве очекуваат нови познанства и интересни личности. Оние кои се во пар, ќе го сочуваат разбирањето,пријателството и  физичката привлечност.

Јарец– Практичните прашања и барање на нивни одговори ќе бидат главни протагонисти во месецот август, особено оние кои се однесуваат за парите. Некои од вас можеби ќе се занимаваат со некакво наследство или ќе се подготвуваат да подигнат кредит. Но, сепак, сите овие решенија би можеле да ги одложите за септември, кога ќе имате поголема поддршка од ѕвездите. Наместо тоа, заминете на годишен одмор или на викенд патување и наполнете си ги батериите. Меѓу другото, од септември, поставеноста на Меркур, Јупитер и Сонцето ќе биде одлична, па материјалните проблеми ќе ги решавате на најефикасен начин. Што се однесува до љубовта, Венера ќе ви биде пријател до 7ми август, а потоа станува помалку пријателски расположена. Внимавајте на љубоморни настапи ако сте во врска или брак, додека осамените Јарци ќе немаат многу среќа со новите контакти. Затоа, не размислувајте за ништо сериозно кога е во прашање љубовта, туку искористете го целиот месец за забава со пријателите па дури и со новите познаници, без од нив да очекувате посебни емоции. Погледнете околу себе, забавата може да биде било-каде!

Водолија – Август ќе биде прилично мирен месец, за вас, Водолии, па затоа искористете го за одмор, за да се ослободите од стресот кој прилично го наталоживте за време на изминатите месеци. Планетите ќе бидат мирни, нема да ви донесат никакви поголеми поместувања и возбудувања. Планетата на љубовта, Венера, од 8ми август ќе заземе одлична позиција за вашиот знак, но Сонцето, Меркур и Марс пак, нема да бидат пријателски расположени правејќи да не го чувствувате убавото влијание од Венера. Сепак, нема да имате никакви бури и недоразбирања кога станува збор за емотивното поле, туку спокојност. Искористете го мирниот период за годишен одмор, што подалеку од вашиот град. Опозицијата на Сонцето и Меркур ќе биде здодевна, што ќе предизвика да се чувствувате уморни или немотивирани на работното место. Но, сигурно дека вашите најблиски пријатели ќе можат да ве извлечат од моментите кога ќе чувствувате пад на енергијата. Вториот дел од месецот ќе биде попозитивен, зашто само Меркур ќе остане во лоша поставеност, додека другите планети полека ќе се подготвуваат да заземат нови позиции кои ќе ги почувствувате, со убави резултати, во септември.

Риби -Август ќе биде за родените во Риби месец со низок интензитет во кој ѕвездите ќе понудат многу малку задоволства. Ќе се најдете себеси разоружани и нема да имате волја за да ги дефинирате вашите планови. Често вакви моменти се пред да настапат промените, така што нема да имате друго решение, туку да се одморите, сигурни дека наскоро ќе почне да се движи и за вас тркалото на настаните. Големите планети не се лошо поставени: Јупитер, Сатурн, Уран, Плутон и, од 13ти август, дури и Марс. Но тие дејствуваат суштински и нивните ефекти не се чувствуваат веднаш туку со текот на времето, додека другите планети, брзите, ги носат конкретните настани во секојдневието. Меѓутоа, овие ѕвезди во август ќе бидат во затворена положба. И Венера,  од 7-ми  нема да формира важни аспекти за вашиот знак. Но, нејзината средба со планетите во Лав може да поттикне состанок за работа или размена на електронски пораки кои ќе бидат од голема важност. Од 23ти Сонцето ќе излезе од опозиција и деновите ќе изгледаат поумерени, затоа ѕвездите сугерираат да одите на одмор: да го одвлечете вниманието и да најдете пријатен начин да го разбистрите својот ум, можеби и да се вљубите. Венера во Вага, за вас, е флертувачка, па дури и ако не испраќа директни зраци, може да ве натера да запознаете интересно лице!

x

Check Also

Сараево Филм Фестивал и Atlantic Grupa:  „Сите ние сме од истиот филм“

Сараево Филм Фестивалот и Atlantic Grupa уште еднаш со заеднички сили покажаа ...