ХОРОСКОП ЗА МЕСЕЦ ЈАНУАРИ: Тежок почеток на годината за Шкорпиите, прекрасни вести за Вагите, време за реванш за Овните….

На почетокот на 2021 година, планетата Марс ќе се пресели во знакот на Бик по долг транзит во знакот на Овен, носејќи толку многу дополнителна енергија на сите земјени знаци! А вие, во кој знак сте родени? Откријте сега со нас што ви подготвуваат sвездите за месец јануари!

Овен: подготвени сте за реванш?
Марс ќе го заврши својот многу долг транзит во вашиот знак на 6-ти јануари: оваа планета ви овозможи да акумулирате многу енергија, што сега конечно можете да ја искористите. Веќе ги немате неповолните Сатурн и Јупитер да ве попречуваат на патот: ова ќе биде година полна со одмазда! Обрнете внимание, сепак, на чувствата: почнувајќи од 8ми јануари, всушност, планетата Венера ќе ви сврти грб и ќе остане во неповолна положба за вашиот знак во текот на целиот месец. Конфликтите со вашиот партнер ќе бидат постојано на дневната листа и лесно може да го изгубите трпението.

Бик: со силата на Марс!
Вашиот месец јануари започнува со одлични вести: почнувајќи од 6. ден, всушност, планетата Марс ќе го напушти знакот на Овен за да влезе во вашиот, подготвена да ви ја даде целата енергија што ќе ви треба за да се соочите со година која ветува дека ќе биде полна со предизвици, но и со задоволства. Во јануари, особено областа на чувствата ќе ви ги донесе најубавите изненадувања: Венера е подготвена да ве фаворизира лично вас, но и вашиот живот во пар, почнувајќи од 8-миот ден! Некои препреки на професионално поле, сепак, нема да чекаат многу за да се отстранат- во втората половина на месецот.

Близнаци: месец полн со предлози!
Вашата астролошка 2021 година започнува со прекрасни вести: почнувајќи од 8 јануари, веќе нема да ја имате во опозиција планетата Венера! По неколку проблематични недели од сентиментална гледна точка, сега конечно мирот ќе се врати во вашиот живот. Ако сте слободни, ќе има можности да остварите добри средби, особено во втората половина на месецот. Од професионална гледна точка, доаѓаат подеднакво убави прилики, благодарение на планетата Меркур, која е поволна почнувајќи од 8-миот ден, и на планетата Јупитер која конечно се врати да ви се насмевне.

Рак: олеснување
Овој месец јануари ќе биде многу полесен отколку особено тешката 2020 година за вашиот знак. Неколку недели веќе ги немате Сатурн и Јупитер во опозиција и, почнувајќи од 8-миот ден, ниту планетата Меркур! Конечно ќе можете да најдете некакво спокојство и ќе се чувствувате како да сте ослободени од кафез, дури и од професионална гледна точка. Марс ќе се врати да ви се насмевне почнувајќи од 6-тиот ден, подготвен да ви даде многу енергија, а Вие искористете ја за започнување на нова патека што ќе ве однесе далеку. Внимание, сепак, во областа на чувствата: Венера ќе влезе во опозиција почнувајќи од 8-миот ден!

Лав: сила и храброст!
Вашата 2021 година ќе биде голем предизвик од астролошка гледна точка, а тоа ќе се види од месец јануари, кога веднаш ќе се најдете спротивставени на три различни планети: Јупитер, Сатурн и (почнувајќи од 8.јануари) дури и на Меркур! Нема да имате лесен живот, сигурно, но вие сте полни со идеи, и ќе најдете начин секоја потешкотија да ја претворите во можност за раст. Марс, во неповолна положба почнувајќи од 6-тиот ден, ќе направи да се чувствувате малку поуморни во овој комплициран период.

Девица: добри вибрации!
Драги Девици, месецот јануари не започнува на најдобар начин за вашиот знак, особено од гледна точка на чувствата. Венера во неповолна положба ризикува да ги нагласи контрастите со партнерот или да изнесе на виделина скриени тензии. Не грижете се, сепак: планетата на љубовта ќе се врати да ви се насмевне уште на 8-миот ден и спокојството ќе се врати во вашиот живот. Првиот дел од месецот ќе биде посреќен од вториот во однос на професионалната сфера. Од 6-ти јануари, можете да сметате на добра енергија благодарение на планетата Марс!

Вага: добра вест!
Драги Ваги, вашата 2021 година се отвора со прекрасни вести за вашиот знак, кој со месеци и месеци го издржуваше Марс во опозиција: почнувајќи од 6-ти ден, всушност, оваа планета конечно ќе ве остави да дишете и ќе можете да ги оставите зад себе сите замори и стресови што ја карактеризираше втората половина на 2020 година. Ова прекрасно обновување на енергијата е придружено со поволен транзит на Меркур и, конечно, наклоност од Јупитер и Сатурн: следуваат некои добри вести, особено од професионална гледна точка. Искористете ги важните можности!

Шкорпија: тежок месец 
За жал, оваа 2021 година започнува со прилично тежок месец јануари за вашиот знак. Всушност, почнувајќи од 6-от ден, планетата Марс ќе влезе во опозиција, започнувајќи период на стрес и намалување на енергијата. Дури и од професионална гледна точка, може да се појават некои блокади или забавувања, особено во втората половина на месецот, кога веќе нема да ја имате планетата Меркур на ваша страна. Јупитер и Сатурн се во неповолна позиција и ве замолуваат да не постапувате  импулсивно, особено кога станува збор за избор на работа. Венера, од своја страна, обезбедува среќа во љубовта.

Стрелец: одлично!
Драги Стрелци, 2021 година започнува за вас со наклоност на Јупитер и на Сатурн: овие две планети ветуваат многу подобра година од претходната! Во овој месец јануари, конкретно, можете да сметате на помошта на Венера до 8-ми ден, подготвена да ви подари многу среќа во областа на чувствата. Дури и на професионално поле, добри вести би можеле да пристигнат, особено можни во вториот дел од месецот, кога планетата Меркур ќе ви овозможи нови контакти и нови можности кои треба максимално да ги искористите.

Јарец: среќа во љубовта!
Вашата 2021 година започнува одлично од гледна точка на ѕвездите! Се разбира, веќе ги немате заедно планетите Јупитер и Сатурн, но тоа не значи дека ќе имате помалку среќа: напротив, дојде време да го искористите сето она што сте го заработиле во последните месеци. Меркур од 8.јануари ќе ви обезбедува важни можности и препознавање на ситуациите. Понатаму, во втората половина на јануари, ќе можете да сметате на помошта на Венера, подготвена да ви даде големо богатство на полето на чувствата. Марс, кој веќе не е неповолен, ќе ви донесе нова енергија.

Водолија: почеток на посебна година!
Еве сме конечно во „вашата“ 2021 година: ова ќе биде година во која ќе цветате! Сатурн и Јупитер се на ваша страна, а почнувајќи од 8-миот ден, планетата Меркур исто така. Одлични вести доаѓаат од професионална гледна точка: некои од вас можеби ќе решат да тргнат по нов пат во кариерата, а ѕвездите ќе бидат на нивна страна, подготвени да ги фаворизираат на долг рок! Единствената мана на овој месец епланетата Марс, која ќе добие неповолен аспект почнувајќи од 6-тиот ден, правејќи да се чувствувате малку поуморни од вообичаено.

Риби: со помош на Венера!
Драги Риби, овој месец јануари се отвора со прекрасни вести за вашиот знак: почнувајќи од 8-миот ден, планетата Венера повеќе нема да биде во неповолна положба и ќе започне да го фаворизира вашиот љубовен живот, правејќи да заборавите на болките од љубовта од последниот период. Понатаму, почнувајќи од 6-тиот ден, исто така ќе можете да сметате на помошта на планетата Марс, што ќе ви даде многу повеќе енергија за следните недели, како од физичка, така и од психолошка гледна точка. Што се однесува до професионалното поле, подобар ќе биде првиот дел од месецот.

x

Check Also

Еко-Свест: Дрвото можеби грее најевтино и најубаво, но е тивок убиец

Поради намалената економска моќ дури три четвртини од населението во земјава се ...