Хороскоп за месец ЈУНИ: Љубов за Раковите и Биковите, кавги за Вагите, пресврт за Шкорпиите…

Во месец јуни, планетата Венера ќе помине низ знакот на Рак, носејќи им голема среќа на сите водни знаци во областа на чувствата! А вие, во кој знак сте родени? Откријте сега со нас што ви подготвуваат sвездите за месец јуни!

Овен: кавги со партнери и задоволство на работа!

Месецот јуни нема да биде љубезен кон вашиот знак што се однесува до чувствата, додека тој ќе ви даде предност на професионално поле. Уште на 2от ден, всушност, планетата Венера ќе ви го сврти грбот: со вашиот партнер ќе има расправии и недоразбирања кои може да траат до почетокот на јули. Поволните Меркур и Јупитер, пак, ќе ви донесат огромно задоволство во вашата професија. Дури и планетата Марс, почнувајќи од 11от ден, ќе се врати да ви се насмевне, носејќи ви нова енергија.

Бик: месец на емоции!

По месецот мај, кој беше премногу споекоен во однос на чувствата, месецот јуни ветува дека ќе биде многу повозбудлив и постраствен. Всушност, почнувајќи од 2-от ден, планетата Венера ќе се врати да дејствува во ваша корист и ќе ви донесе моменти за паметење! Сепак, на деловен план, неповолната позиција на Јупитер ќе продолжи да делува и, за жал, ќе ви создава на секој чекор пречки. Марс, почнувајќи од 11от ден, исто така ќе биде неповолен: може да чувствувате повеќе стрес и замор.

Близнаци: Меркур во знакот!

Драги Близнаци, планетата Венера сјаеше во вашиот знак во текот на целиот месец мај, внесувајќи многу убави емоции во вашиот живот. Месец јуни нема да биде толку дарежлив, но ако вие и вашиот партнер сте постигнале убаво разбирање, ништо и никој нема да може да ви го одземе, и ќе го откриете задоволството да споделувате повеќе секојдневни аспекти од вашиот живот, а ќе се случи и зајакнување на врската. Меркур ќе остане да ве поддржува во текот на целиот месец, подготвен да ви донесе добра вест во врска со работното место. Искористете ги можностите што ви ги дава!

Рак: месец на љубов!

За вашиот знак јуни ќе биде месец на љубовта. Почнувајќи од 2-от ден, всушност, планетата Венера ќе влезе во вашиот знак, подготвена да ви донесе навистина среќни и возбудливи недели во однос на чувствата. Паровите кои се заедно долго време можат да донесат важни одлуки за нивната заедничка иднина. Марс ќе остане во вашиот знак до 11от ден, гарантирајќи ви физичка сила и многу енергија. На работа, време е да погледнете нанапред и да размислите за нови проекти: сè што ќе започнете во овој период, наскоро ќе ви донесе добри резултати!

Лав: месец на позитивна енергија!

Конечно пред вас е месец на голема енергија за вашиот знак, кој во оваа 2021 година е посебно тестиран од ѕвездите… Почнувајќи од 11-тиот ден, всушност, можете да сметате на прекрасната поддршка од Марс, што ќе ви подари многу сила, и физичка и психолошка. Меркур ќе остане поволен во текот на целиот месец, подготвен да ви помогне во вашите меѓучовечки односи, како и на работен план: ќе има среќни средби и нови можности. Покрај тоа, во последните денови од месецот, и Венера ќе застане на ваша страна, подготвена да подари многу жешко лето!

Девица: Венера се враќа да ве поддржи!

Драги Девици, месецот мај беше доста комплициран за вашиот знак што се однесува до чувствата. За среќа, во јуни ќе можете да дишите слободно, и ќе почувствувате големо олеснување! Почнувајќи од 2-от ден, планетата Венера ќе престане да ве попречува и ќе се врати да дејствува во ваша корист, подготвена да ви подари еден месец полн со страсти и моменти за паметење. Ако сте доживеале кризи во врската, сега ќе можете да се смирите и да започнете одново посилни од кога и да е, се разбира ако станува збор за вистинска љубов. Меркур, од своја страна, продолжува да ви создава некои пречки на работното место.

Вага: љубовни проблеми

Драги Ваги, месецот јуни нема да биде исклучителен, за жал, што се однесува до чувствата. Почнувајќи од 2-от ден, планетата Венера ќе му сврти грб на вашиот знак: може да се појават причини за дискусија со вашиот партнер или, во некои случаи, ќе почнете да си ги преиспитувате вашите чувства. Среќа, сепак, во очекува на полето на работа, благодарение на убавиот Меркур во поволен аспект, на кој ќе му се придружи – почнувајќи од 11от ден – и Марс, подготвен да ве направи поборбени од кога било! Може да добиете заслужено признание.

Шкорпија: сосема друга песна!

Ако месецот мај се покажа прилично скржав во однос на емоциите, јуни ќе биде сосема друга песна! Планетата Венера, всушност, ќе се врати да дејствува во корист на вашиот знак уште на 2-от ден: љубовта ќе биде фаворизирана и, ако сте слободни, би можеле да имате многу посебна средба. Ако сте во врска, од друга страна, искористете ја можноста да се справите со која било тема или проблем што останал нерешен со вашиот партнер, бидејќи на самиот крај на месецот може да се појави повторно некаков конфликт помеѓу вас. Првата половина од месецот, со убав поволен Марс, ќе биде многу поенергична од втората, во која ќе чувствувате малку повеќе стрес од работното место и замор.

Стрелец: малку одмор!

Конечно месецот јуни ќе ви даде оддишка! Мај, со Венера и Меркур во опозиција, беше доста напорен месец, како во вашиот професионален, така и во љубовниот живот. Сега можете да здивнете: почнувајќи од 2-от ден, всушност, планетата Венера ќе престане да биде во опозиција и ќе можете да најдете некакво спокојство во вашата врска. На работа, од друга страна, ќе има неуспеси, но на долг рок победата ќе биде ваша! Од 11от ден Марс станува активен во ваша корист, носејќи ви сила и енергија.

Јарец: месец на напнатост

Драги Јарци, месец јуни за жал не носи добри вести во врска со љубовниот живот: почнувајќи од 2-ри ден планетата Венера ќе влезе во опозиција со вашиот знак. Може да се појават тензии и спорови со партнерот, на што ќе се додаде и општо чувство на стрес и замор поради спротивставувањето на Марс, што исто така може да влијае на вашата работа. За среќа, во втората половина на месецот оваа планета ќе помине низ знакот Лав и ќе можете, малку по малку, да ја вратите својата енергија.

Водолија: стресен период

Месецот јуни ќе биде малку стресен за вашиот знак, особено во неговата втора половина. Почнувајќи од 11от ден, всушност, планетата Марс ќе влезе во спротивност со вашиот знак, одземајќи енергија и правејќи ве прилично нервозни. Бидете внимателни и не почнувајте кавги: почнувајќи од 27 ден, планетата Венера исто така ќе дојде во опозиција со вашиот знак и тензиите со вашиот партнер може да имаат потешки последици отколку што сте очекувале.  Меркур и Јупитер во поволна позиција ќе продолжат да ве поддржуваат на полето на работата.

Риби: мирот се враќа во љубовниот живот!

Драги Риби, месецот јуни – конечно – ќе ви го врати спокојот во вашиот љубовен живот. Планетата Венера, всушност, по негативниот транзит во месец мај, ќе се врати да дејствува во ваша корист веќе на 2-ри ден, подготвена да ви помогне да го пронајдете дијалогот со вашиот партнер или, ако сте слободни, да ви отвори можности за нови интересни средби. За жал, на работното место нема да имате толку среќа, бидејќи ќе мора да се справите со Меркур во неповолна позиција, што може да доведе до пречки или забавување на вашите професионални проекти.

x

Check Also

Халкбанк со ново намалување на каматните стапки на станбениот кредит – 2,9% во првите 5 години и 3,3% во следните 5 години

Станбениот кредит на Халбанк АД Скопје сега е со ново намалување на ...