Хороскоп за ноември – „Жежок“ месец за сите огнени знаци!

Ноември ќе биде во знакот на престојот на планетата на љубовта Венера во Стрелец – се предвидува месец многу жежок за сите огнени знаци. Многу среќа е загарантирана за Шкорпијата, додека кутрите Бикчиња ќе се соочуваат со проблеми…А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го хороскопот за ноември, 2019.

Овен – Многу емоции

Ова ќе биде многу интересен месец за вас, пред се на љубовен план. Планетата Венера ќе остане во поволна позиција се до 26-ти, подготвена да ви подари многу емоции. Осамените треба да направат интересни и важни средби, додека оние кои се во пар ќе уживаат во хармонија со партнерот. Од 19-ти расположението ќе ви се зголеми, и нема повеќе да чувствувате замор, благодарение на добарата поставеност на Марс. Крајот на ноември ќе ви донесе и одлична физичка форма.

Бик – Меркур во опозиција

Драги Бикчиња, месецот ноември, особено втората половина, нема да биде нежен со вас ни на деловен ни на емотивен план. Не влегувајте во жестоки дискусии со саканите да не се покаете. Меркур ќе биде во опозиција и ќе ви носи блокади на работното место, конфликти со колегите но и недоразбирања со претпоставените. Затоа овој месец обидете се да си посветите повеќе време на себе, на размислување и на релаксација, зашто стресот може да ви донесе и здравствени проблеми.

Близнаци – Проблеми во врската

Ноември нема да биде лесен месец за вас во однос на сентименталниот живот. Се до 26-ти, ќе мора да се соочите со опозицијата на Венера која ќе ви создава тензии во врската. Бидете искрени и љубезни со партнерот за полесно да ги надминете кризните денови. Марс е поволен, ќе ви дава сила и енергија – искористете ја оваа силна енергија за да ги реализирате проектите на деловен план, а не да се карате со партнерот!

Рак – Позитивен месец

Меркур останува поволен за вас овој месец, пред вас продолжуваат позитивните денови, особено на деловен план. На сентиментален фронт, почнувајќи од 26-ти, Венера влегува во опозиција – но до тогаш гледајте да ги расчистите сите недоразбирања со партнерот, зошто по овој датум тоа ќе биде многу тешко. Од 19ти може да сметате на поддршката на Марс кој ќе ве награди со енергија, добро расположение и супер здравје.

Лав – Конфликтен месец

Драги Лавчиња, ноември може да се опише како кнфликтен месец за вас на деловен план – Меркур е неповолен и ќе ви создава пречки и проблеми на секој чекор, а вие ќе се чувствувате како да ви се врзани рацете! Но, Јупитер е на ваша страна, заедно со Марс и ви гарантираат дека по бројните напори ве чека загарантирана победа! Малку замор ќе чувствувате во втората половина на месецот. За среќа, Венера е на ваша страна и ќе ве теши со прекрасни прегратки од сакантото лице.

Девица – Барајте дијалог

Месецов нема да биде лесничок за вас, особено на сентиментален план, барем до 26-ти ноември. Неповолната Венера ќе ви создава тензии во врската, но и сомнежи, преиспирувања дали е тоа вистинското лице за вас?! Наместо со кавги, гледајте да ги решавате проблемите со дијалог. На работен план, спортивно од емотивниот, Меркур е поволен и ќе ви отвора нови можности за успех. Пред вас се важни деловни средби и контакти, искористете ги. Марс е поволен од 19-ти, ви носи енергија и физичка сила.

Вага – Силен месец

Така може да се опише за вас ноември – месец на голема енергија и сила. Марс е во конјукција со вашиот знак и ви гарантира добро расположение и психофизичка снага – ако на работното место сте пред голем проект, без проблем ќе го реализирате. На сентиментален фронт среќата ви е загарантирана, барем до 26-ти, до тогаш Венера е многу поволна и вашата врска ќе ја зајакне, додека осамените Ваги би требале да запознаат исклучителна личност.

Шкорпија – Сонце во знакот

Вие сте број еден овој месец, ноември е ваш месец! Сонцето ќе блеска во вашиот знак, а заедно со него и Меркур и почнувајќи од 19-ти и планетата Марс. Овој ноември ќе бидете непобедливи. Оние кои чекаат важни одговори, ќе ги добијат. Свеж воздух влегува во вашиот живот – нема да недостигаат нови можности и нови контакти. На емотивен план, последната недела од месецот ќе биде најинтересна – би требало да се родат нови приказни предодредени да траат. Многу физичка сила и добро здравје ќе имате во втората половина на месецот.

Стрелец – Љубовта е протагонист

Вашиот знак во ноември ќе има еден главен протагонист – љубовта. Венера влегува во конјукција на 1-ви и останува се до 26-ти, подготвена да ви подари месец со неверојатни емоции и радости. Осамените ќе ја сретнат својата сродна душа, додека постарите парови ќе живеат прекрасни мигови во хармонија. И на работен план нема да недостигаат задоволства – планетата Јупитер ќе ви носи среќа и конечно ќе ги добиете заслужените награди.

Јарец – Се ближи вашиот момент!

Октомври не беше лесен месец за вас, и веќе чувствувате замор, но ноември ќе ви донесе повеќе радости. Всушност, ќе ви ги донесе задоволствата кои толку ги очекувате! Најлошото е веќе зад вас – Меркур е повторно на ваша страна и ќе ви носи потврдни одговори на деловен план. Марс исто така, се враќа да ви се насмевне, носејќи ви голема енергија и добро здравје, од 19-ти ноември. На љубовен план ќе мора да почекате до 26-ти, кога Венера ќе влезе во вашиот знак отворајќи ви период на големи чувства и силна љубов, која ќе кулминира во декември!

Водолија – Пречки на „патот“

Ноември ќе биде месец на подеми и падови за вас. Од една страна ќе уживате во несебичната Венера која ќе ви подарува страст и задоволства во емотивниот живот, а од друга страна ќе се соочувате со непријатни ситуации и пречки на деловен план поради лошата поставеност на Меркур. Кавгите и недоразбирањата на работното место ќе кулминираат во втората половина на месецот, стишете го тонот! Стресот ќе предизвика нестабилно здравје, па можни се почести настинки, по заслуга на лошата поставеност на Марс. За среќа може да сметате на една исклучителна личност, која е секогаш тука за вас да ве поддржи.

Риби – Обновување и енергија

Ноември ќе биде полн со успеси за вашиот знак, но и со нови почетоци. Планетата Меркур се враќа да ве поддржи носејќи ви супер задоволства на деловен план и нови можности. За да најдете спокојство на емотивен план пак, ќе мора да се воздржите до 26-ти – до овој датум Венера ќе ви создава проблеми. Од 19-ти Марс ќе биде на ваша страна и ќе бидете полни со енергија и одлично здравје.

x

Check Also

Кое куче е идеално за вас според хороскопскиот знак

Нашиот хороскопски знак зборува многу за нас, нѝго одредува карактерот, вкусовите, што ...