ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ – Месец на љубовта за Девиците и Шкорпиите, љубовни проблеми за Рибите и Лавовите

Во месец октомври планетата Меркур ќе остане во знакот на Шкорпија, носејќи им многу убави вести на сите водни знаци. А вие во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви подготвуваат ѕвездите за месец октомври!

Овен: тивок месец 
Октомври ќе биде прилично тивок месец за вашиот знак, кој ќе треба да ви послужи за да направите добра акумулација на енергија во пресрет на ноември кој ќе биде месец полн со предизвици! Всушност, почнувајќи од 29-от ден на октомври, и планетата Венера и планетата Меркур ќе влезат во опозиција со вашиот знак, внесувајќи многу напнатост во вашиот живот и на љубовно поле и на полето на работата. Меѓутоа, во меѓувреме, можете да уживате во поддршката од Марс, планета подготвена да ви даде толку многу сила и борбеност: ниту една битка нема да биде премногу тешка за да се соочите со неа и ќе бидете победникот!

Бик: големи емоции!
Месец октомври ќе биде доста стресен за вашиот знак, особено од професионална гледна точка. Меркур во опозиција до 29-от ден ризикува да создаде тензии и конфликти на работа, особено ако сметате дека вашиот талент и професионализам не се доволно ценети во последно време. Од сентиментална гледна точка, сепак, тоа ќе биде месец полн со убави емоции! Вашата врска ќе биде заштитена од прекрасната Венера, која ќе се врати во ваша корист  уште на 3-тиот ден и ќе и даде на вашата врска незаборавни моменти.

Близнаци: тензии со партнерот 
Месецот октомври за вашиот знак веројатно ќе биде доста вознемирувачки кога станува збор за чувствата. Почнувајќи од 3 па до 29 ден, планетата Венера ќе заземе неповолна позиција за вашиот знак, нагласувајќи ги сите тензии со партнерот што сте се обиделе да ги игнорирате или замолчите во последниот период. Сега е време да се соочите со нив: ако навистина се сакате, ќе излезете посилни од порано! Од гледна точка на работата, последната недела од месецот ќе ви донесе добра вест.

Рак: месец на можности!
За вас октомври ќе биде месец полн со убави можности, конечно ќе најдете мир и од сентиментална и од професионална гледна точка. Се разбира, со Јупитер и Сатурн во опозиција можеби ќе треба да направите компромис или да прифатите некоја важна промена, но ќе ве заштитат и Венера и Меркур, кои ќе донесат многу посебни луѓе покрај вас, подготвени да ве поддржат. Марс во неповолна положба продолжува лошо да делува, за жал, ќе ве прави да се чувствувате прилично уморни и под стрес.

Лав: проблеми на работа
Почнувајќи од 3-тиот ден, планетата Венера ќе го напушти вашиот знак за да се пресели во оној на Девица: месец октомври – ако го споредите со навистина врелиот, страствен септември – ќе биде малку послаб, но брачниот живот ќе продолжи да се одвива без проблеми и без поголеми удари. Помалку среќа, сепак, ќе имате на работниот фронт: ќе мора да се справите со Меркур во неповолна позиција до 29-тиот ден, што ризикува да донесе одредено забавување на вашите проекти, особено ако не можете да го пронајдете вистинскиот соговорник.

Девица: месец на љубовта!
Октомври за вас ќе биде месецот на љубовтатебе! Влегувањето на Венера во вашиот знак почнувајќи од 3-ти ден ќе ви донесе големо задоволство во однос на чувствата: паровите кои се заедно подолго време би можеле да направат важни планови за својата иднина, додека самците нема да пропуштат среќни средби. Меркур исто така ќе биде на ваша страна, подготвен да ви даде нови можности во областа на работата: со негова помош и со онаа на Јупитер, ниту една цел нема да биде премногу тешка за реализирање.

Вага: малку трпеливост 
Месец октомври ќе биде вистинска отскочна штица за вашиот знак: почнувајќи од 29-тиот ден, и планетата Венера и планетата Меркур ќе бидат со вас, подготвени да ви донесат во месец ноември полно прекрасни изненадувања и големи вести. Во меѓувреме, ќе мора да издржите, да покажете малку трпеливост, особено ако ви се чини дека реализациите на проектите не ви се на дофат. Марс во опозиција ризикува да ве натера да се чувствувате уморни и под стрес. Кога можете, почастете се со убав романтичен викенд со вашиот партнер, тоа ќе ви помогне да ги намалите тензиите!

Шкорпија: среќен месец!
Октомври ќе биде многу среќен месец за вашиот знак! Меркур конечно е на ваша страна: неговото благотворно влијание, заедно со наклоноста на Јупитер, ќе ви помогнат да постигнете важни цели на полето на работата и да ве приближат до целта сè до вашето лично исполнување. Дури и од сентиментална гледна точка, октомври ветува добро: планетата Венера ќе се врати да ви се насмевне уште на 3-тиот ден, подготвена да ви подари цел месец на љубов и страст. За осамените, средбите ќе бидат фаворизирани, а човекот/жената од вашиот живот можеби е веќе зад аголот.

Стрелец: Венера неповолна 
За жал, месец октомври ризикува да биде прилично напнат(и непријатен) што се однесува до чувствата… Веќе почнувајќи од 3-тиот ден па се до 29-тиот ден, ќе мора да се справите со немилоста на Венера: планетата на љубовта ќе ве наведе да ја ставате под знак прашалник вашата врска. Поволен е Марс заедно со планетата Меркур – активни од крајот месец – тие ќе ви дадат предност на работното место.

Јарец: ваше време е!
Конечно дојде време – по толку многу сеидба – да ги соберете придобивките од вашата напорна работа! Ако септември сепак ви донесе неколку назадувања, сега ќе можете да одите директно кон вашите цели, благодарение на поддршката на Јупитер и наклоноста на Меркур, подготвени да ви ги донесат можностите што ги чекавте. Дури и од гледна точка на чувствата, можете да здивнете: Венера е во поволна позиција до 29-тиот ден и ќе и донесе на вашата врска многу спокојство и соучесништво. Единствената неусогласена нота, е планетата Марс, која ќе донесе малку повеќе замор.

Водолија: се враќа спокојната љубов!
Месецот септември беше прилично комплициран за вашиот знак од гледна точка на чувствата, но сега конечно може да дишете полесно: почнувајќи од 3-тиот ден, всушност, планетата Венера веќе нема да биде во опозиција! Октомври ќе го врати спокојството во вашиот љубовен и семеен живот, а почнувајќи од 29-тиот ден, може да пристигнат и некои убави изненадувања, особено за осамените… На работниот фронт, планетата Меркур – во неповолна позиција до 29-тиот ден – може да донесе некои пречки на вашиот пат, но ништо со што нема да можете да се соочите.

Риби: љубовни проблеми
За жал, месецот октомври нема да биде лесен за вашиот знак од гледна точка на чувствата: почнувајќи од 3-тиот ден, всушност, планетата Венера ќе влезе во опозиција, правејќи ја напнатоста да експлодира во вашиот љубовен живот и – во одредени случаи – предизвикувајќи вистинска криза во врската. Сепак, подобро ќе биде на работниот план: со Јупитер и Меркур подготвени да дејствуваат во ваша корист, ќе можете да се наметнете на работното место и да постигнете одлични резултати. Но, внимавајте да не се внесете премногу во вашите мали (или големи) срцеви маки.

x

Check Also

Отворена е новата поставка на изложбата “Скопје, одново” во МСУ – Скопје

Од денеска, 14 октомври, посетителите на Музејот на современата уметност – Скопје ...