ХОРОСКОП ЗА СЕПТЕМВРИ: Месец на љубовта за Лавовите, за Вагите интересни средби, Шкорпиите во криза…

Во месец септември, планетата Венера ќе го напушти знакот на Рак за да влезе во Лав, носејќи многу среќа во љубовта на сите огнени знаци. А вие во кој знак сте родени?  Откријте сега со нас што ви подготвија sвездите за месец септември!

Овен: проблеми на работа
Месецот септември ќе бара сила, борбеност и многу трпеливост, особено во областа на работата. Почнувајќи од 6-ти, планетата Меркур ќе влезе во опозиција со вашиот знак: со Јупитер и Сатурн, исто така, во неповолна позиција, нема да биде лесно да ги пронајдете вистинските можности или сојузници што ви се потребни за да ги реализирате вашите проекти. За среќа, можете да сметате на поддршката од Марс, подготвен да ви даде одлична енергија! Среќен месец, сепак, што се однесува до љубовта, со прекрасна поволна Венера, почнувајќи од ден 7ми.

Бик: барајте дијалог со вашиот партнер!
Месец септември, за жал, за вашиот знак ќе се карактеризира со неповолниот транзит на Венера во Лав: планетата на љубовта може да донесе момент на криза во вашиот љубовен живот, да ги нагласи постојаните тензии или да предизвика дискусија. Ако вие и вашиот партнер сте во можност да изберете дијалог, ќе можете да го надминете овој стресен момент! На работното место можете да сметате на заштитата на Јупитер. Внимавајте, сепак, на планетата Меркур која – почнувајќи од 28 ден – ќе влезе во опозиција со вашиот знак: обидете се да ги решите нерешените проблеми пред тој датум!

Близнаци: интригантен месец!
Месецот септември ќе биде интригантен за вашиот знак, но и полн со добри вести. Почнувајќи од 7-миот ден, ќе можете да сметате на помошта на Венера: планетата на љубовта е подготвена да и донесе на вашата врска спокојство и разбирање. Нови можности ќе имате и на работа, особено почнувајќи од 6-от ден, кога планетата Меркур ќе престане да ве попречува и ќе започне да дејствува во ваша корист. Марс, од своја страна, ќе ви даде здравје и енергија, сè што е потребно за да ги реализирате замислените прокети!

Рак: нова рамнотежа 
Планетата Венера – откако престојуваше во вашиот знак цел месец август – сега ве напушта за да се преселите во знакот на Лав: Септември може да биде помалку интензивен и страствен од месецот пред него, но сепак ќе имате можност да ја тестирате вашата врска и да пронајдете нова рамнотежа. Сепак, може да наидете на уште некои препреки на работното место, особено во периодот помеѓу 6. и 28. ден, кога Меркур ќе направи неповолен премин со вашиот знак. Марс, исто така е неповолен, ќе направи да се чувствувате прилично под стрес.

Лав: месец на љубовта!
Септември ќе биде месец на љубовта за вашиот знак! Почнувајќи од 7-миот ден, прекрасната Венера ќе ви дава поддршка, подготвена да ви донесе период на голема среќа во областа на чувствата. Слободните Лавови би можеле да имаат средби кои се предодредени да траат, додека „старите“ парови ќе ја зајакнат својата врска, можеби ќе одлучат да ја однесат врската на следното ниво… Професионалната сфера е исто така среќна: добра вест може да пристигне помеѓу 6ти и 28ми, кога на ваша страна ќе го имате да ве поддржи.

Девица: победата ќе биде ваша!
Планетата Меркур која во август ве напушти, сега се враќа да дејствува во ваша корист, но од 28-ми. Ако чекате одговор, особено на работното место , ќе мора да почекате до крајот на септември, но не грижете се затоа што ќе биде позитивен! Ги имате и Јупитер и Сатурн на ваша страна, подготвени да ви донесат убава победа до крајот на годината. Во однос на чувствата, може да сметате на планетата Венера до 7-миот ден: почнувајќи од тој датум, можеби ќе ви недостасува стимул…

Вага: добра вест!
Конечно месецот септември ви носи добра вест! Почнувајќи од 6-от ден, планетата Меркур ќе влезе во вашиот знак, ветувајќи ви успех на работа, и денови исполнети со убави изненадувања, интересни средби и нови стимуланси. Дури и во љубовта ќе оди многу подобро отколку во август: почнувајќи од 7 ден, всушност, планетата Венера ќе престане да ги попречува вашите романтични врски и ќе започне да дејствува во ваша корист. За осамените би можело да биде вистинско време да запознаат некој што навистина прави да се чувствуваат посебно како што заслужуваат!

Шкорпија: мала криза
Ако месец август беше прилично среќен што се однесува до чувствата, септември ризикува да ви донесе мала криза. Многу зависи од вашиот партнер и силината на врската: ако разбирањето не недостасува, ќе има само малку повеќе напнатост, додека покревките врски може да се соочат со сопствената кршливост. Сепак, пристигнуваат добри вести од областа на работата: одредено признание може да пристигне веќе на почетокот на септември, но најважносто следува на крајот на месецот – одлични вести ќе пристигнат!

Стрелец: желбата за љубов се враќа 
По прилично бурното лето, месец септември ветува смиреност и спокојство: почнувајќи од 6 ден, планетата Меркур ќе се врати да дејствува во ваша корист, а почнувајќи од 7 ден, планетата Венера исто така! Пристигнуваат неколку добри вести што се однесуваат и на сферата на работата и на чувствата. Ако сте доживеале разделба во последниот период, сега ќе можете да си ја вратите желбата за lљубов, а пред вас се и важни средби. Паровите кои, пак, успеаја да го надминат тешкиот момент, ќе бидат посилни од кога било!

Јарец: спокојот се врати!
Одлична вест за вашиот знак овој месец: почнувајќи од 7 ден, Венера нема повеќе да ја имате во опозиција! Откако ви ддонесе уште неколку љубовни маки во август, оваа планета сега е подготвена да ви ги врати мирот и спокојството во вашиот живот. Сепак, за жал, останува малку повеќе напнатост, како и замор, поради неповолната позиција на Марс… Во контекст на работата, за да ги добиете возбудливите вести што ги чекавте, ќе мора да почекате до крајот на месецот, кога Меркур ќе се врати да дејствува во ваша корист.

Водолија: Венера во опозиција
За жал, месецот септември нема да биде лесен за вашиот знак што се однесува до чувствата… Всушност, почнувајќи од 7 ден, ќе треба да се справите со Венера во опозиција: планетата на љубовта ќе ви направи непријатни заплети, и вашата врска може да доживее криза. Не грижете се сепак: ако навистина се сакате, ќе можете да излезете посилни од порано! Добри вести, сепак, на работниот фронт: до 28 ден можете да сметате на убавиот Меркур кој е од ваша страна, подготвен да ви донесе добра вест.

Риби: посилни од кога било!
Септември започнува со прекрасни вести за вашиот знак. Почнувајќи од 6-тиот ден, вече нема да морате да го трпите спортиставувањето на Меркур: ако во месец август многу проекти и работни идеи претрпеа блокада, сега можете да започнете одново и посилно од порано! Јупитер, од своја страна, ви гарантира долгорочен успех. Ако неодамна започнавте нова врска, септември ќе ви даде можност да уживате во потполност во неа и да постигнете поголема свесност за вашите чувства и за тоа што сакате од вашата врска.

x

Check Also

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (од 21 до 27 септември): Жешка недела за огнените знаци!

Оваа недела продолжува транзитот на Венера во знакот Лав, што ќе им ...