Хороскопските знаци и чевлите

За оние кои веруваат во астрологијата, еве ја поврзаноста меѓу чевлите и ѕвездите.

hor 5

Овен

Жената Овен е спортски тип, најдобро и прилегаат модни комбинации со кои патиките се на нозете. Сите комбинации со патики се добредојдени, а модата е сезонава на незина страна. Може и фустан со патики!

Бик

hor 9

Ќе ја препознаете по чевлите со округол врв, најчесто груби чевли, на платформа. Оваа пролет кломпите се враќаат во мода, тоа е супер вест за жената Бик која добро се чувствува во нив.

Близнаци

hor 4

Сандали. Нежни со многу врвци или ремчиња. Жената Близнаци е „родена“ за гладијаторки, или тие се создадени баш за неа.

Рак

cevli 999

Рамни лесни чевли во кои се чувствува како да танцува. Балетанките се идеални за жените Рак. Класични, без експериментирања, уште подобро со ненападна панделка или во морнарски стил.

Лав

hor 44

Светкави салонки со висока потпетица, со многу детаљи на нив. Лавицата мора да го освои вниманието, па и чевлите треба да се златни. Златни патики? Може и тоа.

Девица

hor 7

Машки чевли, оксфортки. Класични, ама многу чисти. Всушност, чевлите на девицата секогаш блескаат како да се нови, како да се првпат облечени. А многу веројатно се од некоја мината сезона која сме ја заборавиле.

Вага

hor vag

Лесно се препознава по елегантните, нежни чевли. На нејзината нежна нога најубаво стојат сандали со висока потпетица. Уште подобро ако се во впечатлива боја. Жолти со ременчиња за оваа пролет?

Шкорпија

cevli 444

Салонки, со средно-висока потпетица, ама лакирани. Црни или црвени. Со овие две бои Шкорпијата со најголемено задоволство знае да си поигра. И тоа успешно и секси.

Стрелец

hor 55

Нејзините нозе мора да се лесни, речиси да може да потрча во чевлите. Во топлите денови може да ја препознаете по јапонките на нозе, со убаво средени нокти. Морнарски мокасини или бродарици, идеални се за неа и првите и вторите.

Јарец

cevli 11

Многу класични чевли, понекогаш изгледаат како да се позајмени од некое далечно минато време, од времето на нејзината баба. Со умерена потпетица, но никако рамни, „најдраматичниот“ детаљ на нив се дупчињата. И бојата е класична, без можност за утка, црни или кафени.

Водолија

hor 3

Шарени патики или во џиш боја кои воопшто не се ни сложуваат со другиот дел од гардеробата. Така и треба. Водолијата знае да ги носи и оние, прочуените, чудни чевли дизајнирани од Мек Квин. Сребрени сандали за неа се совршени.

Риби

hor r

Чевли со реси, сатенски сандали или салонки со многу чипка или крзно. Чевлите на Рибите личат на оние од детските приказни. Секогаш се романтични.

x

Check Also

Над 2.000 корисници и 70 компании за една недела се дел од Challenger Дома

Точно пред една недела преку продавниците за апликации на мобилните телефони, iOS или Android, 2.000 македонски ...