Хороскопските знаци на годишен одмор

Жената Овен никогаш не останува анонимна на плажа, Лавицата пак, е во центарот на вниманието, а Близнаците ќе облечат најмодерни бикини додека Вагата ќе ве заведе со стил… А вие, во кој знак сте родени?

ОВЕН, СОВРЕМЕНА АМАЗОНКА

Жената Овен никога не останува анонимна, особено не на плажа. На нејзиниот одлучен карактер и’ одговараат спортски костими за капење, во согласност со нејзината фигура. Нејзината мускулатура и енергичност ќе бидат истакнати со “затворен“ дводелен костим: “слип“ гаќички кои имаат висок струк и градник кој личи на спортска маичка. Деталите, како што се накитот, шамиите или шапките, жената Овен треба потполно да ги избегнува, зошто едноставно ќе остави погрешен впечаток. Нејзина боја е портокаловата или жолтата.

Совет за мажитеВашата Овчичка ќе биде најсреќна доколку на годишен одмор ја однесете на некое бучно туристичко место, каде што таа ќе може да се храни со внимание.

БИК, ЕНЕРГИЧНА И ПРИРОДНА

Таа е секогаш во контакт со природата, па дури и кога е под сонцето – најмногу ќе ужива да потрча ( горда на своето тело) долж песочната плажа. Жената Бик не поднесува синтетички костими за капење. Тој мора да биде памучен, или нежен, кој ќе се “грижи“ за нејзиното тело. Бизарните варијации, секси варијантите, цветовите, длабоките деколтеа, провокативните врвци – се’ тоа Таа мора задолжително да го избегне!Најмногу своја ќе биде во комотен костим, со гаќички спуштени до бутините, а горниот дел – како лесна маичка со тенки прерамки. Нејзина боја е секоја која зрачи со силен колорит и енергија.

Совет за мажитеВашето енергично Бикче ќе го скротите на некој не толку посетен остров, каде таа со часови би спортувала и би уживала во природните убавини.

 БЛИЗНАЦИ, СЛОБОДНА И КОМУНИКАТИВНА

Ова лето ќе биде најфантастично за Близначката: едно од најдобрите во последните години! Таа ќе замине на одмор за да го ослободи целиот електрицитет, зрачејќи со женственост и сензуалност. За неа е перфектен модерниот бикини, кој ќе биде на врвци, и кој ќе ги покрива само “срамните“ местенца од телото. Идеална е белата боја, со интересни дезени и црвени врвци, кои симболизираат жена која ја сака слободата. Деталите се добредојдени, но не и ако се претерани и нападни. Шамија околу половината може да внесе дополнителна сексапилност, а високите потпетици за на плажа ( не повисоки од 5 см) ќе ја нагласат женственоста.

Совет за мажите: Жената Близнак ќе се воодушеви од Вашиот предлог да отпатувате заедно на некое монденско место. Освојте ја со патување на Азурниот брег, или одведете ја до самиот југ на Турција.

РАК, СРАМЕЖЛИВА, НО МАГНЕТСКИ ПРИВЛЕЧНА

Првиот воден знак е еден од најчувствителните во хороскопот, поетичен е, полн со емоции. Жената Рак живее во свет со магични димензии, а сите сетила и’ се хиперсензитивни. За неа морето е музика, која дополнително ја надразнува. Би легнала под некоја длабока сенка, или на некоја “осамена“ карпа. Таа е срамежлива, па не би се чувствувала пријатно во своето тело доколку е сосема разголена. Идеален костим за капење за жената Рак е оној кој агресивно не ги привлекува погледите, но кој има детали на себе: колан, тенки прерамки, или две лица. Нејзина боја е сината.

Совет за мажите: Карпестото Хрватско приморје ќе ја разбуди волшебната фантазија на вашето чувствително Ракче

ДЕВИЦА, ОДМЕРЕНА И ИНОВАТИВНА

Дури и кога се работи за костим за капење, мерката и елеганцијата на Девицата доминираат. Никогаш нема да посегне по вулгарни димензии или дречливи бои. Таа е реална за секој дел од своето тело, па успева одлично да се “маскира“. Одмерена е во однесувањето, нема да претера со сончањето, ниту со капењето во вода, а најчесто во чантата за плажа носи по два костима за капење, за да се пресоблече. Иако не сака да претерува, со сласт ќе посегне по црвениот костим, кој има “умерени“ бикини и продолжен горен дел. Немојте да се изненадите ако вашата Девица се појави на плажа со обетка на стомакот, таа е само иновативна.

Совет за мажите: Пред да отпатувате распрашајте се за чистотата на хотелот, храната, и дали водата е здрава за пиење или не. Вашата Девица не сака да експериментира со патувањата, па варијантите: Турција, Тунис, Сингапур, Египет – се надвор од нејзините планови. Пробајте да ја освоите со аранжман на проверено туристичко место

ЛАВ, ВО ЦЕНТАРОТ НА ПОГЛЕДИТЕ

Нејзиниот стил е триумфален, сончев, предизвикувачки, победнички. Таа е сигурна во своето тело, па дури и кога има поголеми облини, зрачи со позитивна енергија. Ќе ја забележите веднаш по смелите чекори на песокот, таа не се покрива со шамии, и не “трча“ по пешкирот. Може со часови да лежи под сонцето, уживајќи во идејата дека ќе добие исончан тен. На нејзиниот карактер најдобро прилега костим за капење кој е во боите на сонцето, кој е поспортски и со кој ќе го истакне нејзиното енергично, силно тело. Продолжени гаќички во вид на тесен шорц, и градник со корпи над кој ќе се лелее нејзината бујна коса – сосема доволно за сите погледи да ги собере Лавицата.

Совет за мажите: Оставете ја ова лето да “рикне“ со целата енергија. Одведете ја во центарот на случувањата, во метежот, во тренд летувалиштата. И немојте да ги штедите парите пред неа. Таа сака одморот да го ужива на висока нога!

ВАГА, ЗАВОДНИЧКА СО СТИЛ

Таа е божица под заштитата на убавата Венера, однапред предодредена да ја има убавината на божиците од Олимп. Вагата е флексибилна и енергична, таа навистина има изграден стил: Нејзината женственост е речиси како онаа на статуите, но истовремено и “лесна“, алхемична, чудесен микс на елеганција и силна персоналност. На Вашата Вага мерило за убавина на нечија душа е токму изгедот, тоа е правилото по кое таа се води. Таа е заводничка со висок стил, “ќе подлегне“ под неа сосема спонтано. Вагата сака костими кои се, пред се’, естетски привлечни, но кои секако и’ оставаат простор во нив да се чувствува сензуално и предизвикувачки. Микробикини, зошто да не ?

Совет за мажите: Каде и да ја одведете – нема да се противи. Важно е иницијативата да потекне од Вас, таа смета на Вашето внимание.

СКОРПИЈА, ИНТРИГАНТНА И ТАИНСТВЕНА

Во неа има секогаш нешто што е мистериозно, нешто што ви изгледа дека е длабоко скриено, премолчено. Нејзиниот лик крие еротизам, кој не буди игра туку дуел, разговорлив “двобој“, особено за оние кои мислат да ја освојат. Ќе ја препознаете преку гестовите, кои се живи, брзи и креативни. Скорпијата е секогаш во движење и секогаш во потрага по ново изненадување. За неа, идеален костим би бил оној од тексас или од деним, кој делува интригантно, но и кој е подготвен да биде соблечен. Иако по навика посегнува по црвената боја, на изненадување ќе ве пресретне во син костим за капење.

Совет за мажите: Вашата Скорпија сака авантура, затоа не помислувајте дека ќе поминете ефтино со неа! Одведете ја далеку, колку подалеку можете: Дубаи, Бали, Сингапур, Тенерифе… било каде – каде што може да “експлодира“ од еротизам.

СТРЕЛЕЦ, ЕНТУЗИЈАСТА И КРЕАТИВНА

Жената Стрелец е во хармонија со сонцето, таа е динамична и отворена, комуникативна и оптимистка. Сака да се забавува, и самата таа е многу забавна и пријатна за друштво. Стрелецот нема да отпатува сам на годишен одмор, а би отпатувала некаде далеку, за да открива нови предели, да запознава нови луѓе. Таа има брилијантен ум и спортски дух, кои ја тераат да одбере нешто што не би било монотоно. Игра на бои? – Таков треба да биде нејзиниот костим за капење. Малку хипи и малку фантазија, со доминација на зелената боја. Може да одбере цветен бикини, а горниот дел да биде со сосема контрастни детали.

Совет за мажите: Ако сакате да ве остави веднаш, земете и’ го пасошот! Ако сакате да ја задржите до Вас   наполнете и’ го пасошот со најразлични визи. Па што ако е лето, таа би отпатувала и во некое студено место, би експериментирала со одмор на Сибир или крстосување по Северното Море.

ЈАРЕЦ, РОМАНТИЧНА И СЕНЗУАЛНА

Обврските кои професионално ги извршува на работното место, жената Јарец ќе ги “заклучи во фиоката“ кога доаѓа времето за заслужен одмор. Таа сака тие денови да ги помине во тотален “рилекс“, да направи хармонија помеѓу телото и умот, а тогаш “испливува“ и нејзиниот втор лик, кој не е ниту строг, ниту каприциозен, ниту пак инаетлив. Напротив, жената Јарец од крута (каква што е на работното место) се трансформира во романтична и сензуална заводничка. За неа, во оваа сезона добредојден би бил азурен костим за капење, во линии, со бикини на “преклоп“ и тенки прерамки на градникот. Детелите би и’ дошле како непотребен луксуз. Но, планината – како одлична замена за морето и плажите.

Совет за мажите: А, каде подобро би достигнала хармонија со природата, со умот и телото, ако не на некоја висока планина? Ваквиот Ваш предлог таа особено ќе го почитува.

ВОДОЛИЈА, ПОЛНА СО ФАНТАЗИЈА И НЕПРЕДВИДЛИВА

Родена под знакот на слободата, таа сака да лета низ териториите каде што не важат строгите правила. Ги сака изненадувањата, ги мрази здодевноста и монотонијата, не сака да се излежува по плажите, би сакала да открива нови простори. Зрачи со позитивност, со живот, со среќа и задоволство, па токму затоа, и’ прилега спортски костим за капење, секако, доколку мора да го облече. Но, заради фантазијата со која изобилува, овој костим, иако е спортски, мора да биде и разигран, весел, цветен. Модел кој нема да ја стега, кој ќе ја ослободи нејзината фигура. Нејзин идеален одмор е само оној кој е полн со изненадувања, кој е богат со средби, и кој стимулира новости.

Совет за мажите: Амстердам? Зошто да не!? А, може и Париз, Лондон, Њујорк. Одведете ја на “луда“ локација која нема да и’ понуди монотонија. А, ако инсистирате на море – одберете локација која е во близина на некоја нудистичка плажа.

РИБИ, СТРАСТВЕНА И СЕКСИ

Нејзините проекти ги следат нејзините соништа, кои верувајте, немаат граници. Некогаш ви заличува дека е нереална, некогаш е отсатна, мистериозна, а некогаш ви изгледа дека е толку многу едноставна. Таа сонува дека на одморот ќе го сретне вистинскиот принц, сонува за страсна љубов. Волшебна е, секси е, оваа жена навистина во водата се наоѓа себеси. Нејзиниот костим за капење не може да биде ниту спортски, ниту пак обичен. Тој мора да л’ска, да сјае, да има монисти, да биде во сребрена боја или син како морето. Мора да биде провокативен и отворен, речисе да се држи на две кончиња. За се’ друго, за облините, за нејзините недостатоци на телото – таа ќе се погрижи со долгите шамии во кои со задоволство ќе се завитка.

 Совет за мажите: Разбудете се! Таа веќе сонува за Полинезија, за Рио, за некоја дива плажа откриена во “Робинзон Крусо“. Се’ друго би и’ било премногу реално, рамно на разочарување.

x

Check Also

Неделен хороскоп (16. до 22. септември): Топ знаци на неделата – Вага, Близнаци и Лав

Оваа седмица и планетата Венера и планетата Меркур ќе блескаат во знакот ...