Хороскопските знаци и неверството: Еве кој простува, а кој не!

Како реагираат хороскопските знаци на вашето неверство? Кој простува, а кој никогаш не заборава?

Овен – Ако имате изневерено роден/а во знакот на Овен, ќе биде многу тешко да ви прости, бидејќи неговото безгранично его ќе остане долго рането. Долго нема да може да сфати дека сте го измамиле за некој друг, а и ако сфати, тоа значи дека никогаш не сте го заслужувале.

Бик – Ќе мора да го молите и молите Бикот за да ви прости, но од него најверојатно ќе можете да добиете втора шанса. Промената го дестабилизира толку многу што смета дека е многу поедноставно да ја врати довербата, отколку да мора повторно да почне со нов партнер.

Близнаци – Сигурни сте дека тој веќе не ве изневерил? Ако ги изневерите Близнаците,  реакцијата би можела да биде непредвидлива: може да одлучи да се одмазди со тоа што ќе ве изневери веднаш, но може и брзо да ви прости, оставајќи си „отворена врата“ и тој тоа да го направи во иднина, па вие да му простите за истото.

Рак– Ако се осмелите да го повредите, Ракот никогаш нема да ви прости и ќе се чувствува толку интимно и длабоко уништен што нема да сака ни да ве види. Можеби тогаш ќе ви биде тешко да си заминете, но сигурно нема да ви биде полесно да останете со него додека ве навредува во остатокот од вашиот живот.

Лав – Лавот е премногу горд за да може да прости. Можеби ќе продолжи да ве сака, но не постои лице на земјата што може да остане заедно со него доколку еднаш го понижил. Ако навистина сакате да му се „исповедате“ и да го молите за прошка, тоа ќе биде на ваш сопствен ризик.

Девица – Девицата ќе ви прости само ако имате не само добри, туку одлични оправдувања и ако знаете како да ги аргументирате правилно. Девицата е премногу рационален знак и ја користи главата дури и во работите на срцето. Тоа е добро за вас, но подгответе се добро, бидејќи ќе внимава и на детаљи додека му барате прошка.

Вага – За разлика од Девицата, Вагата има тенденција да размислува со срцето, и ако таа сеуште ве сака, таа може да ви прости во име на љубовта која ја чувствува за вас. Но внимавајте, со тоа што го предадовте буквално го уништевте и може да направи епска драма пред да ви даде втора шанса.

Шкорпија – Сте изневериле некоја Шкорпија? Очекувајте непријателска, злобна одмазда. Дури потоа, можеби, ќе ви прости,  но само откако ќе ве натера да страдате пропорционално на неговото страдање кога ве „фатил“ во неверство. А ако нема доволно голема љубов кон вас, до болка ќе ви се одмазди и никогаш нема да ви прости.

Стрелец – Стрелецот простува неверство доволно лесно, всушност неверството полесно го простува отколку нешто друго, зашто знае дека тоа и него би можело да му се случи. Како добар играч, нема да го овековечува она што се случило и нема да му дава поголемо значење.

Јарец – Заборавете ги шансите да ви биде простено. Всушност, дури и не пробувајте да барате простување! Со Јарец тоа би било само потрошен напор, бидејќи штом сте го предале, тој веќе нема чувства за вас. Накусо, станувате помали од мравка во неговите очи, и многу, многу тешко е да може да ве погледне како порано.

Водолија – Водолијата верува во љубовта, верува и во падовите и издигнувањата во една врска, па многу веројатно е дека брзо ќе ви прости. За неа секако поседувањето е само синџир, а најпосле – и таа самата сака да се чувствува слободна во врската. Затоа може да ја разбере и туѓата потреба за слобода, па дури и кога е во прашање неверство.

Риби -Ултра-чувствителните Риби, ако бидат изневерени, нема да направат само драма, туку многу повеќе од тоа! Иако официјално ќе ви простат, внатре во себе никогаш нема да го сторат тоа, па ќе следуваат години поминати во сомневања, тишини, обвинувања, страдања … Дали сте навистина сигурни дека сакате втора шанса?

x

Check Also

Внимавајте со диетите: Метаболизмот е побавен со секој загубен килограм!

Најтешко слабеат оние кои сакаат да „симнат“ малку килограми, поточно 2 – ...