Храна која го лечи стресот и депресијата

Лутите луѓе посегнуваат по чипс, луѓето кои се под стресот „се смируваат“ со поголем внес на јагленохидрати, додека депресивните се утешуваат со чоколада. Во такви периоди, кои знаат да траат и подолго, килограми едноставно се „лепат“за телото. Како да се надминат стресот и депресијата со добри намирници?

Портокали – Повеќе истражувања покажуваат дека луѓето кои се под стрес треба да посегнат за портокали и мандарини, зашто витаминот Ц го намалува нивото на стресот и го враќа кортизолот во нормала после стресната ситуација.

Благ компир – Познат е по своите антистресни делувања, ги задоволува потребите за јагленохидрати кога се чувствуваме нервозни, а ја намалува желбата за слатки во стресните ситуации.

Мисиркино месо – Ја содржи аминокиселината Л – триптопан која помага во излачување на серотонин, хормон кој е заслужен за доброто расположение. Л-триптопанот, докажано, делува смирувачки.

Авокадо – Одлична намирница за намалување на крвиот притисок поради присуството на калиум и незаситените масти. Дава чувство на ситост, па при стрес и лутина потешко ќе посегнеме по вреќичка чипс ако претходно сме изеле барем 100 грама авокадо.

Бадеми, ораси – Богати се со витамин Б и Е, па одлично се справуваат со депресијата. доколку се чувствувате тажни или разочарани, овие „грицки“ повеќе ќе ве расположат отколку млечната чоколада.

Спанаќ – Недостатокот на магнезиум може да предизвика главоболка и мигрена, а често предизвикува и чувство на слабост. Затоа се препорачува спанаќот како храна против депресијата.

Лосос – Богат со омега 3 масни киселини, многу успешно го спречува наглото излачување на хормонот на стрес – кортизол и адреналин.

Брокули, зелена салата – Одлични намирници за депресивните, зашто најдобро го „полнат“ телото со енергија.

Суви кајсии– Богати се со магнезиум, па не само што го ублажуваат стресот, туку и ги опуштаат мускулите.

x

Check Also

Вирози и како да се заштитиме од нив? Има ли домашни производи со витамини за зголемување на имунитет?  

Најсигурен начин за заштита од вирози се витамините и храната, односно внесувањето ...