Или по нашки, само да не дознае мама на што ги арчите парите.
Пред речиси четири години кога беше лансиран специјалитетот кајгана во прочуениот Нормас ресторан во њујоршкиот Паркер Меридиен хотел, многумина гледаа со сомнение дека скапата мода кусо ќе трае…
Сепак, токму овој специјалитет се повеќе ги привлекува богатите гости кои за да ја задоволат гастрономската љубопитност подготвени се да платат 1.000 долари за една кајгана. Се разбира, не станува збор за обична кајгана направена од две-три јајца, шунка и сирење, туку од јастог и кавијар, а во неа има и по некое јајце.
За да се направи овој омлет се употребува половина килограм јастог, јајца (веројатно две) и неколку зачини, а потоа кајганата се прелива со кавијар.
Според шефот на кујната на Нормас, оваа уникатна кајгана и понатаму останува на менито зашто „совршено одговара со самиот бренд Нормас кој ја промвира девизата – храна која мама никогаш нема да ви ја дозволи“.
Не станува збор за бизнис од самиот специјалитет туку за имиџ кој привлекува голем број на гости во угледниот ресторан со богато мени составено од разни други специјалитети .
Патем, секоја година во ресторанот се продаваат околу 100 порции од уникатната кајгана.