Храна која не треба да ја јадете после 19 часот

Експертите велат дека не треба да јадете после 19 часот и објаснуваат зошто доцната вечера може да биде опасна за вашето здравје, а особено за нарушување на вечерниот сон. Ако сепак се решите да јадете после 19 часот, тогаш избегнете ја следната храна.

Пржена храна
Масната, тешка храна е очигледно полна со калории и маснотии, но тие исто така се тешки за варење, што може да направат да се чувствувате уморни и летаргични наутро. Ако сте гладни, одберете помал сендвич со интегрален леб со мисиркини гради наместо висококалорична, масна храна.

Црвено месо
Како масна храна, црвеното месо е тешко за варење, што може да ви го отежни заспивањето. Црвеното месо е најлошиот избор на храна после 19 часот, но и пилешкото месо често може да го има истиот лош ефект. Не мора целосно да избегнувате протеини, само проверете дали јадете посно месо во мали количини, како гради на мисирка или чаша јогурт.

Зачинета храна
Уживањето во зачинета и лута храна после 19 часот ќе ви предизвика немирен сон. Покрај тоа, (премногу) зачинета храна предизвикува надуеност и тешко варење, особено ако одите во кревет половина час по консумирање на таква храна.

Тесто
Сите форми на тесто се полни со јагленихидрати и тие треба да се конзумираат само ако после тоа имате физичка активност.

Шеќер и кофеин
Шеќерот и кофеинот можат да предизвикаат немирен сон. На пример чоколадото ги содржи и двете и не не прави сити, затоа ако копнеете по чоколадо, не мора да значи дека сте гладни, туку дека едноставно имате потреба од слатки. Подобар избор би бил топол чај или чаша млеко со ниска масленост.

x

Check Also

Како и со што заведува вашиот хороскопски знак

Прочитајте какви заводници сте и со што сте надарени да заведувате. Овен ...