Подуеноста е нормална појава, дури 30% испитаници тврдат дека тоа им е редовна појава после јадење. Таа може да е поради некоја болест, но најчесто е префизвикана од некои видови на храна.
Скоро сите од подолу споменативе се извонредно корисни и важни во исхраната, но тука се наведени само поради несаканите својства кои предизвикуваат подуеност.
Ќе наведеме 5 најпознати намирници кои можат да ви направат нелагодно чувство во стомакот.
1.Грав
Да, погодивте, гравот е најпознат во народот по овој несакан ефект. Гравот е мешункасто растение и го има во над 70 видови. Богат е со белковини и јаглехидрати, растителни влакна, како и останати микронутриенти.
Но гравот содржи и шеќери кои спаѓаат во групата јаглехидрати ФОДМАП (ферментирачки олигосахариди, дисахариди, моносахариди и полиоли) кои го избегнуваат варењето и ферментираат во цревата, што предизвикува и појава на гас.
Оваа несакана појава може да се ублажи со неколкукратна замена на водата при подготвување на гравот.
Инаку, црниот грав и пинто гравот се со подобри својства кога станува збор за подуеноста.
- Леќа
Освен што предизвикува несакана подуеност, леќата е многу корисна затоа што содржи високо процент на протеини, здрави јаглехидрати и растителни влакна.
И леќата спаѓа во групата ФОДМАП, и за неа важи дека со промена на вода при подготвување, се ублажува подуеноста при конзумирањето.
Посветлата леќа има помалку растителни влакна, но предизвикува и помала подуеност од потемната.
- Газирани пијалоци
Да, сигурно претпоставувавте дека и овие пијалоци кои содржат големо количество на гас, и пиејќи ги вие го внесувате гасот во вашиот дигестивен систем. Дел од гасот останува заробен во цревата и предизвикува надуеност.
Најдобра замена за сите видови пијалоци е секако водата.
- Пченица
Пченицата е богата со протеинот глутен, кој воглавно е проблематичен за луѓето кои имаат нетолеранција кон глутенот. И таа спаѓа во ФОДМАП групата, но нејзината употреба е премногу раширена и тешко се избегнува бидејќи се наоѓа во многу традиционални рецепти за леб, разни пасти, други пекарски производи како колачи, бисквити, вафли, палачинки и сл.
За некои рецепти брашното од пченица може да го замените со овес, киноа или хељда.
- Брокула и растенија од иста група
Во групата спаѓаат и карфиолот, зелката, прокељот и сл.
Брокулата е едно од најздравите растенија што може да се употреби во исхраната. Поседува многу важни нутриенти како растителни влакна, витамин C, витамин К,железо и потасиум. Меѓутоа кога станува збор за подуеност, таа создава тегоби од овој вид.
Доколку ви пречат негативните својства, можете да конзумирате спанаќ, краставици, марула и др.
И други производи кои од една страна имаат извонредни позитивни ефекти врз нашето здравје, спаѓаат во групата на оние производи кои предизвикуваат подуеност.
Тоа се: кромидот и лукот (се намалува негативниот ефект со готвење т.е. термичка обработка); јачменот и ‘ржот; мрсни јадења и мрсно месо (поради отежнато варење се задржуваат подолго и ферментираат), млечните производи па дури и овошје како јаболката и крушите кои се богати со фруктоза (термички обработени се со ублажени ефекти).