Храна поради која ќе се чувствувате секси

Освен што ќе ве скокотне по непцата, храната многу добро знае да ви ја долови фантазијата. Одредени производи делуваат како афродизијак и ја будат сексуалната желба. На жените поволно влијаат чоколадата и кафето, на мажите поволно влијаат  праските и јајцата,  додека шафранот, бифтекот и лубеницата ја будат сексуалноста и кај едните и кај другите.

hrana 3 ЧОКОЛАДА

За многумина омилена слатка, содржи состојка по име фенилетиламин кој произведува ендорфин, хормонот на среќата. Научниците дошле до заклучок дека без оглед што мислат повеќето дека желбата за секс се зголемува кога ќе изедат чоколада, тоа нема никаква врска  со тоа! Со други зборови, чоколадните сексуални моќи се во главата, а таа помага да се лачи серотонин и ендорфин кои доведуваат до „чувство на среќа“. Но, и тоа е нешто!

КАФЕ

Здивот кој останува по консумирање на кафе не е ни малку привлечен, но овој напиток има некои „секси“ особини. Научниците утврдиле дека кафето ја поттикнува сексуалната желба кај жените и го стимулира делот од мозокот кој го регулира возбудувањето. Едно предупредување : не треба да заборавите дека кафето влијае на сонот и многу е важно во кој дел од денот се пие.

hrana 4

ЈАЈЦА

Тие се извор на L-аргининот, амино-киселина која спречува да дојде до еректилна дисфункција. И не треба да ги консумирате само за појадок. Се советува романтична вечера со – јајца!

hrana 1

ПРАСКИ

Нежната текстура, преубавата боја и феноменалниот мирис ги прават многу привлечни, но тоа се само некои добри особини кои ги имаат праските. Тие содржат доволен процент на витамин Ц кој благотворно делува на машката плодност. Поголемата консумација на праските доведува до поголемо произведување на сперма и спречува појава на неподвижни сперматозоиди. Замрзнатите праски имаат повеќе витамин Ц од свежите.

ШАФРАН

Овој зачин доаѓа од цветот на шафранот и има благ, нежен вкус. Многу е популарен во шпанската и медитеранската кујна. Шафранот со причина ја стекнал репутацијата на афродизијак, правејќи го оној кој ќе го консумира неверојатен љубовник. За грам шафран се плаќа скоро девет евра. Се додава во врела (не зовриена) вода за чај и се остава да делува 15 минути. Одлично оди со житарки, морски плодови, супи и варива.

hrana 2

БИФТЕК

Јунешкото месо содржи цинк и железо, полно е со протеини и Б витамин. А има и нешто заводливо – кога бифтекот ќе се стави на скара и кога ќе се почувствува неговиот мирис. Многумина го поистоветуваат со предигра која се јаде. Бифтекот сам по себе повикува на секс, вистински заводник е за водење љубов на оној кој го јаде. Со него одлично оди зеленчук што му дава „поздрав“ изглед.

ЛУБЕНИЦА

Лубеницата има неверојатен процент на амино-киселината  цитрулин, потребна на телото за да произведе друга амино-киселина – аганин, која му помага на васкуларниот систем. Кај машките тоа доведува до поздрава ерекција, а кај жените го зголемува либидото. Навистина изгледа многу секси кога во среде топол ден ќе се загризе парче освежувачка лубеница.

 

 

 

x

Check Also

Дури 84% од родителите се загрижени за онлајн безбедноста на нивното дете, но не одвојуваат време да зборуваат за тоа

Новото глобално истражување на Касперски открива предизвици зад ограничените семејни разговори за ...