Храна за стомак со „плочки“

Храната за совршено рамен стомак може да биде вкусна, а дека изборот на таа храна е многу мал е само уште една заблуда која ја пропагираат љубителите на брзата храна.

Во продолжение следат 30 супернамирници кои може да ги комбинирате во уникатни салати или предјадења, а стомакот и вашиот нов тесен фустан ќе ви бидат благодарни за тоа.

hrana 2

Бадеми– полни се со витамин Е и протеини, но и со влакна кои ќе  спречат да се  чувствувате  гладни. И покрај фактот дека се калорични, не придонесуваат за формирање на масни наслаги на стомакот.

Зелен зеленчук– кељот, зелената салата и спанаќот треба да се најдат во секој ваш оброк. Тие се нискокалорични, полни со влакна, витамини и минерали.

Овес – една порција овесни снегулки за појадок е вистинскиот начин на своето тело да му дадете енергија за целиот ден. Подолго време ќе бидете сити и ќе го намалите холестеролот.

Маслиново масло– полинезаситените масти како оние кои ги има во маслиновото масло го продолжуваат чувството на ситост, а маслиновото масло содржи и олеинска киселина која помага во топењето на мастите во телото.

Грав– содржи хранливи материи, како што се протеини и влакна, но има малку калории и полн е со енергија која се ослободува полека, што значи го продолжува чувството на ситост и ги јакне мускулите.

Пеперминт– познат е по своите корисни ефекти на дигестивниот систем. Најдобро е да го користите во вид на чај.

Зелен чај– му помага на телото да се ослободи од непотребните течности и го забрзува метаболизмот.

Јаболков оцет– доколку сакате брза детоксикација, додадете го во вашата исхрана, бидејќи ќе ви помогне да се ослободите од лошите бактерии во цревата, од водата и токсините.

Сок од брусница– богат е со витамин Ц, а има и одлични диуретични својства.

Домати– вкусен зеленчук кој е богат со антиоксиданси кои ја спречуваат надуеноста и го подобрува лептинот, протеин кој ги регулира метаболизмот и апетитот.

Лук– секое чешне содржи антиоксиданси и природна хемикалија алицин, која ги уништува штетните бактерии и вируси.

Лути пиперки– му помагаат на организмот подобро да ги потроши мастите. Содржaт бета каротин и двапати повеќе витамин Ц од препорачаното.

Банани– спротивно од општото мислење, ова овошје е добро за слабеење бидејќи содржи: цинк, калиум и влакна.

Лубеница– половина  лубеница содржи два пати повеќе калиум од бананите, ниско  калорични се и богати со антиоксиданси .

Краставица– има слични карактеристики како лубеницата, бидејќи се од исто семејство. Тие се природен диуретик и ќе ви помогнат да ја спречите надуеноста.

Бобинки– полни се со антиоксиданси и растителни влакна, а имаат малку калории.

Цимет– овој сладок зачин го регулира нивото на шеќер во крвта така што го регулира производството на инсулин, а некои истражувања укажуваат на неговото големо значење во ослободувањето на вишокот енергија од масните клетки.

Ѓумбир– со векови се користи како помош при варењето, поради тоа што има анти-воспалителни и антиоксидантни својства. Содржи и ензими кои помагаат во варењето на протеините.

Кафеав ориз– сложените јаглени хидрати, протеини и витамини кои ги содржи се прекрасни за топењето на мастите, а подобар е од белиот ориз, бидејќи е богат со витамин Б.

Кикиритки– и покрај лошата репутација, неколку кикирики помеѓу оброците може да ви помогнат да не се прејадувате, а обезбедуваат протеини како и омега-3 масните киселини, растителни влакна и витамин Е.

Авокадо– го споредуваат со лутите зачини, бидејќи ја поттикнува работата на дигестивниот систем, но е богато и со  калиум, кој ја регулира рамнотежата на течностите, и магнезиум, кој го спречува запекот.

Семки од сончоглед– содржат влакна кои го продолжуваат чувството на ситост, како и витамин Е, протеини и сложени јаглени хидрати.

Ф’стаци– едни од најдобрите грицки кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот масни наслаги на стомакот, имаат помалку калории од многу други, а се богати со протеини, влакна и други есенцијални витамини и минерали.

Јогурт– природен пробиотик кој ослободува од надуеност во стомакот поради тоа што содржи бактерии кои го подобруваат варењето на храната . Одлучете се за јогурт со низок процент на масти.

Лосос-богат е со омега-3 и омега-6 масни киселини.

Ананас–  го зголемува процентот на ензими за варење со кои се намалува надуеноста, богат е со природен овошен шеќер, кој ќе ја намали желбата за слатки.

Црн пипер– едноставен начин за да ја спречите надуеноста на стомакот после јадењето е да додадете малку мелен црн пипер во јадењето.

Целер– одличен е за детоксикација, спречува задржување на водата во организмот и ги ослободува токсините од телото.

Пиперки– го смируваат дигестивниот систем, но го подобруваат метаболизмот. Богати се со витамин Ц и ја намалуваат желбата за слатки.

Аспарагус– богат е со витамини А, Б комплекс, Ц и Е, и содржи цинк и калиум, кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот на течности.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Сончев период, па пак многу студено време, како да ја надминете вознемиреноста?

Променливото време продолжува и во следните денови. Променливото, а студено време, влијае ...