Хранлива маска за коса од костени

Есента ја сакаме поради многу нешта, а едно од нив се секако, костените. Благодарение на составот, костенот често се употребува во негата на коса и кожа.

Маската за коса од костени лесно може да ја направите сами. Содржи сапонин, танин, протеини, витамини Б1, Ц и К, и провитамин А. Накусо, костенот содржи се што е потребно за вашата коса да остане здрава, мека и сјајна во текот на студените денови.

 Подготовка

Сварете 50 грама костени, потоа излупете ги и истолчете ги. Изматете добро 1 жолчка од јајце и 1 лажица маслиново масло. Додадете ги во истолчените костени и убаво измешајте. Нанесете ја маската на влажна коса и оставете ја да делува 15-на минути. Потоа исплакнете ја косата.

x

Check Also

Подготвени да се чувствувате убаво? – Капитол мол го организира Дерма фест 3.0

  Дерма фест на 15. и 16. ноември во Капитол мол Од ...