Huawei ја достигна втората позиција со продажба на паметни телефони во глобални рамки, а локалниот пазар порасна за 43%

Глобалниот технолошки гигант, Huawei рапидно ја зголемува продажбата на паметни телефони и се искачи на второто место во однос на пазарниот удел за паметни телефони во светски рамки. Според податоците од International Data Corporation (IDC) глобалниот аналитичар на пазарни информации за телекомуникации и информатичката технологија, скокот на второто место е забележан во вториот квартал од 2018 година.

Од анализите на IDC, во вториот квартал од 2018 година компанијата продаде 54,2 милиони мобилни телефони, што доведе до ново рекордно пазарно учество од 15,8% за Huawei. Покрај импресивните глобални индикатори, на локалниот, македонскиот пазар Huawei во првата половина од 2018 година оствари раст од 43% во однос на продадените уреди, споредено со истиот период во 2017 година(според сопствените податоци на Huawei). Овој раст е главно благодарение на новите модели P20 и P20 Pro, при што вториот продолжува да ја води класификацијата на DxOMark со своите фотографски способности, а во исто време камерата P20 Pro беше прогласена за мобилна камера на годината, во светски рамки од страна на престижната фотографска асоцијација TIPA (Technical Image Press Association).

Континуираниот раст и продорот на нови пазари колку што е одличен толку е и очекуван и доаѓа како резултат на нашата цел, не да ги следиме туку да ги диктираме иновациите на пазарот и со тоа да се наметнеме како бренд којшто може секогаш соодветно да одговори на растечката потреба и побарувачка од потрошувачите. Покрај новите модели паметни телефони, со напредни перформанси што претставуваат револуција во смарфоните и нивната функција, Huawei паралелно се шири на сите пазари што исто така придонесе за новата позиција во светски рамки“, изјавија претставници од компанијата.

Huawei како глобален технолошки гигант во своето портфолио покрива паметни телефони, персонални компјутери и таблети, преносни и облак услуги и слично. Производите и услугите на Huawei се достапни во повеќе од 170 земји и се користат од една третина од светската популација. Компанијата има воспоставено шеснаесет центри за истражување и развој распоредени во САД, Германија, Финска, Шведска, Русија, Индија и Кина. Глобалната мрежа на Huawei е изградена на повеќе од 20 години стручност во телекомуникациската индустријата и е посветена на обезбедување на најновите технолошки достигнувања за потрошувачите од целиот свет.

 

 

x

Check Also

Започна продажбата на HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар

Потрошувачите кои ќе го купат уредот до 31 јануари 2022 година добиваат ...