HUGO BOSS пролет/лето 2017: Сезона на нови софистицирани трендови

Новите колекции на линиите на Hugo Boss пристигнаа.

Новата сезона носи трендови кои во моделите на BOSS се реинтерпретирани на софистициран начин задржувајќи ја автентичноста на брендот, но внесувајќи и свежа енергија за нови почетоци.

 

Во линијата на Hugo Boss особено доминантна е каки бојата-модерна и неутрална, лесно прилагодлива на сè што носите.

Колекцијата на Boss Orange нуди модели кои пренесуваат млад, ведар дух и асоцираат на студентските денови. Неизбежните фармерки, маици со апликации, бомбер јакни и други впечатливи модели за префинет, лежерен изглед.

 

Како и секоја сезона, колекција на Boss Green има спортска линија. Лесните јакни се водоотпорни и дополнети со интересен принт на стилизирани бранови.

Во колекцијата HUGO преовладуваат неутралните тонови и разиграни растителни принтови кои ги балансираат земјените бои.

Колекцијата е достапна во продажба во продавницата Hugo Boss на Плоштад Македонија.

 

x

Check Also

Над 300 млади пливачи на Зимското национално првенство во мали базени

Зимско национално првенство во мали базени се одржа во Спортскиот Центар Борис Трајковски во ...