Хумана акција на DIAS: Подари чевли, стопли нечие срце!

Од модната марка DIAS информираат дека од 4ти февруари до 14ти февруари организираат хуманитарна акција со која ќе се собираат чевли кои се во добра состојба и ќе можат да се реупотребат. Чевлите ќе бидат донирани на Републичкиот центар за лица со интелектуална попреченост -ПОРАКА.

Со учество во хуманата акција „подари чевли, стопли нечие срце“, ќе добиете ваучер со намалување од 40 отсто (за готовите модели) или од 20 отсто (за дизајнирани чевли), кој може да го искористите во продавницата DIAS до 1ви март, 2019.

Што треба да направите?
„Ваша задача е да ги селектирате чевлите кои се во добра состојба и да ги донесете во нашиот салон ДИАС кој се наоѓа на ул. Васил Главинов бр.1 -1/7 (зградата на Тифани, центарот на Скопје) и со тоа добивате ваучер за намалување од 40% за готовите модели и 20% за дизајнираните чевли“, велат од DIAS .

Целта на оваа хуманитарна акција е и да се разбуди хуманоста кај граѓаните, да се поттикнат да даруваат обувки и заедно со модниот бренд „Диас“, да помогнат онаму кадешто е потребно.

x

Check Also

Листа на желби: Дуксер со точки од новата колекција на Super Dry

Новата колекција на Super Dry за есенската сезона е достапна во продажба (во ...