Хуманитарен „Галеб“ на 5-ти април во МНТ

Во рамките на проектот Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности, со поддршка на Црвен крст на Р. Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Македонски народен театар, тимот од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ организира продажба на билети за изведбата на претставата „Галеб“ на 5 април, со почеток во 20 часот. Дел од средствата од продажбата на билетите ќе се донираат во хуманитарни цели, за помош на целната група – социјално загрозено семејство.

Програмата Црвен крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Р. Македонија. Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1.200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори кои работат со младинците.

Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно општество.

Младите во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливите категории на население. На годишно ниво се изработуваат од 150 до 200 мали проекти преку кои им се помага на околу 3.000 лица во нашата земја, на некои краткорочно, додека пак за некои помошта е долгорочна.

x

Check Also

Рецепт за совршен „Бејлис“ десерт (само за возрасни)

Ова слатко задоволство се подготвува без печење, варење и стоење покрај шпоретот. ...