И Џулија Робертс со маска против коронавирусот, ама оваа маска е поинаква…

Додека луѓето панично купуваат медицински маски поради коронавирус, има и такви кои малку се мајтапат на оваа тема, објавувајќи фотографии на кои позираат маски за убавина.

По глумицата Гвинет Палтроу која на Инстаграм постираше фотографија на која таа носи маска за заштита од коронавирусот, патувајќи за Париз, и Џулија Робертс постираше фотографија на својот Инстаграм профил, но со една поинаква маска.

View this post on Instagram

March, I’m all in! 🐲🟢 ✅ #aduro

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts) on

Пораката на Џулија Робертс е јасна: не паничете, туку искористете го секој момент за нега на себеси.

52-годишната актерка е позната по светлата и беспрекорна кожа, а тоа не е случајно – се должи на нејзината нега. Нејзината рутина за убавина изобилува со производи за навлажнување на кожата. Друга тајна за убавина на Робертс е диетата. Нејзините оброци се засноваат на протеини, многу овошје и зеленчук и нула вештачки шеќери. Единствената отстапка е лебот и кафето, без кои таа, како што вели, не може да издржи.

 

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...