И Емили Блант го поддржа трендот на машки костум

Машкиот костум ќе биде еден од доминантните трендови на 2020 година. Тоа го потврдија и ѕвездите кои од ден на ден се почесто носат костуми со машки крој. По Ирина Шајк, во нова неутрална верзија ја видовме глумицата Емили Блант, која пристигна со ваков моден избор да гостува во шоуто Елен. Изборот беше – кариран костум од Розета Гети од колекцијата Resort 2020.

Овој изглед на Емили Блант може слободно да се нарече современа Мери Попинс.

Инаку, во текот на својата кариера, талентираната Емили Блант разви стил кој се карактеризира со чести упатувања кон минатото, особено на Викторијанската доба и 1930-те години.

x

Check Also

Погледнете кој е омилениот тренд за оваа пролет!

Кога ќе ве прашаат дали го знаете омилениот тренд меѓу жените за ...