И MANGO има чизмички-чорапи и тоа во виолетова нијанса!

Откако модната куќа Balenciaga ги лансираше сатенските чизмички-чорапи со должина до глуждовите кои молскавично станаа моден хит,во есенските колекции на „хај-стрит“модните марки -на наше огромно задоволство- се појавија различни варијации на овој модел.

Balenciaga

Ваквите чизмички-чорапи ги видовме во есенските колекции на Х&М и на Зара, а сега со таков модел не воодушевува и понудата од есенската колекција на нашата омилена модна марка Манго.

H&M

ZARA

Кај Зара овие чизмички се во црвена и жолта боја, а речиси ист црвен модел гледаме во колекцијата на H&M. Во играта се вклучи и Mango со два модела – во лилакова боја и во циклама верзија. А и цената им е супер.

MANGO

MANGO

x

Check Also

SUPERDRY маички во неонски нијанси

Неонските нијанси се водечки тренд за лето 2019, а во SUPERDRY најдовме две ...