И &Other Stories лансираше колекција на костими за капење

Се повеќе „хај-стрит“ модни марки се одлучија оваа година за проширување на своите пролетни/летни колекции со линии на костими за капење. Меѓу нив се и & Other Stories кои понудија многу интересни едноделни и дводелни модели.

Излезе новиот тренд-водич на &Other Stories во кој се претставени костимите за капење дизајнирани за летната сезона, но и како да ги комбинираме за на плажа или за уживање покрај базенот.

Акцентот е на трендовските принтови – цветови, полка точки и пруги, додека од боите доминираат жолтата и розовата.

Комбинирајте ги со „мачкести“ очила за сонце, предимензионирани округли обетки и не заборавајте на сламената шапка.

x

Check Also

Листа на желби: Карирани чевли од BERSHKA за есен 2018

Карираните материјали и принтови остануваат актуелни и оваа есен. BERSHKA во есенската ...