И писателката на „Хари Потер“, Џ.К. Роулинг заразена од коронавирус, ја открива техниката за полесно дишење

Иако не била тестирана, авторката на „Хари Потер“ открива дека ги доживеала сите симптоми на КОВИД-19, но се опоравила целосно.

Џ.K. Роулинг страдала од симптомите на Ковид-19 цели две недели, но како што пишува „целосно закрепнала“. Креаторката на сагата „Хари Потер“ и сценаристка, твитна за да ги увери фановите дека е сега со добро здравје и да им се заблагодари на за нивните пораки со поддршка.

Но, таа не напиша порака на Твитер само за да се заблагодари, туку го стори тоа за да објасни како ги ублажила највознемирувачките респираторни симптоми.

Писателката сподели техника, препорачана од докторите од болницата „Квин“ од Велика Британија, која била од голема корист за неа: „Не чини ништо, нема негативни несакани ефекти, но може да ви помогне многу и на вас и на вашите најблиски, како што мене ми помогна“, напиша Роулинг.

Од избивањето на вонредната состојба, писателката го започна, со голем успех, сајтот Хари Потер работејќи од дома.Сајтот е полн со игри, квизови, книги, интерактивни курсеви, и создаден е за да ги задржи семејствата со деца активни и во забава во текот на неделите на изолација.

„На родителите, наставниците и старателите, кои сакаат да го задржат вниманието на своите деца со забава  активност додека сме во изолација, можеби им треба малку магија“, рече Роулинг при лансирањето на сајтот.

x

Check Also

Започнува продажбата на спектакуларниот HUAWEI Mate Xs и на македонскиот пазар

 Од вчера, најиновативниот производ до сега, се продава ексклузивно во продажните салони на ...