И помладите повикуваат на „седи дома“: И од дома можете да го испиете кафето со пријателите

„И од дома можете да го испиете кафето со пријателите”, вели Кети Костова, која е само една од бројните млади луѓе кои со свесност за брзото ширење на коронавирусот и за тоа дека единствена борба е во самоизолацијата, ги повикуваат пријателите и другите млади да останат дома.

-Зарем не ве плаши настанатава ситуација, па уште се собирате по куќи и паркови?, ги прашува Кети младите и порачува:

-Ова се оние моменти да сфатиме што пропуштаме во секојдневниот живот. Разговори со домашните и долгите муабети со пријателите. Оваа ситуација ви дава шанса да ги помините и најубавите моменти со блиските.

Друштвото на Кети, момчиња и девојки, испраќаат пример преку фотографија, нагласувајќи: Направи си кафе, вклучи се на Фејсбук , направи си ја групата со пријатели и трач-муабетите можат да започнат. И сето тоа пак, со седење дома. Ние ви предлагаме: Седете дома! За вас! За најблиските! За сите нас!

x

Check Also

Дали имате карактеристики на алфа жена?

Слабите жени не можат да ги поднесат, мажите се плашат од нив. ...