Сега кога го дочекавме снегот, препуштете се на фитнес активностите на снег и останете во топ форма.
Иако ви изгледа како забава на снег, санкањето троши дури 362-400 калории на 1 час. Со тоа, санкањето е супер физичка активност не само за децата, туку за сите членови на семејството.
На врвот на зимските активности најпогодни за топ форма се наоѓа нордијското скијање кое топи дури 700 – 800 калории на час, ги активира сите мускули на телото и го зголемува капацитетот на белите дробови.
По него е скијањето кое топи 500-600 калории на 1 час. Сноубордингот пак, топи до 450 калории, а брзото лизгање – до 550 калории.
Лизгањето супер ги согорува калориите, а кога на тоа ќе додадеме и дуел со противници (хокеј) потрошувањето на калории се издигнува и до 600 на час.