И Тејлор Свифт влегува во модни води, пејачката креира шарена колекција

Познатата млада пејачка Тејлор Свифт веќе неколку години е на јавната сцена и со својот глас, но и со настапите, ги воодушевува фановите кои нетрпеливо го очекуваат секој нејзин следен чекор. А овојпат, таа одлучи да заплива во модните води.

Имено, Тејлор започнала соработка со својата долгогодишна пријателка, дизајнерката Стела Мекартни. Двете модерни девојки со заеднички сили креирале модни парчиња, а некои од нив пејачката веќе ги облече на своите настапи. За да го најави својот нов албум „Lover“, кој треба да излезе на 23.август, Тејлор се впуштила во оваа модна приказна.

Модната линија дизајнирана од пејачката ќе се продава под брендот на Стела Мекартни, а креациите се препознатливи по изобилството на бои и реси.

x

Check Also

Меган Маркл ја претстави својата хуманитарна колекција

По породилното отсуство, Меган Маркл се врати на должност – во лондонската ...