И Том Форд и Карин Ројтфелд на страна на полничките девојки!

Листата на креатори и модни уредници кои им дадоа поддршка на полничките девојки се проширува. Уште две ѕвезди од светот на модата се ЗА форисрање на „плус сајз“ моделите.

devojki 2

Облечени во секси долна облека неколку „плус сајз“ модели позираа пред славниот Том Форд за третиот број на списаниете CR Fashion Book.

Молскавичниот успех на новото модно списание се должи на поранешната уредничка на парискиот Вог, Карин Ројтфелд. За третото издание уредничката се одлучи за јавна поддршка на полничките девојки.

Интересниот едиторијал под наслов Candy Vaggio сепак предизвика поделени мислења. Имено, и покрај подотворената врата за полничките дами од страна на неколку големи имиња во светот на модата, реагираа оние кои сеуште сметаат дека модата е резервирана само за супер-згодните кои можат да продадат се што една марка ќе понуди, но и да ги диктираат големите тиражи.

Критиките не беа конкретно насочени кон „плус сајз“ моделите туку (како преку некоја злобна уста) индиректно – преку калоричната и нездрава храна која е „моден додаток“ на фотосесијата.

Ние не гледаме нешто полошо во „нездравата храна“ отколку во изгладнувањето на речиси анорексичните манекенки, па го поздравуваме потегот на Ројтефлд и Форд.

x

Check Also

Триото „Тојлетпејпер“ се врати со нови гротескни модни фотографии

Фотографите Маурицио Кателан и Пјерпаоло Ферари и уметничкиот директор Мико кои го ...