И вие ќе се вљубите во новата колекција на H&M

H&M го претстави својот нов проект наречен Innovation Stories, кој се фокусира на одржлива мода.

Првата колекција од серијата се вика: Научна Приказна и зема инспирација од брилијантните умови што размислуваат однапред.

Дизајните стануваат футуристички со палетата на бои во кои доминираат светло-белата, неон-зелена и небесно сина нијанса.

Деталите се во контрастни неонски или силни бои, додека очилата за сонце се предимензионирани.

Научната приказна дизајнирана од рециклирани материјали ќе биде достапна во продажба на 18 март во продавниците на H&M и преку Интернет на официјалната страница на брендот.

x

Check Also

Новата колекција на ZARA нè подготви за лето 2021

Сонувате за летото и плажите? Модната марка Zara веќе не однесе таму, ...