Ice facial – или миење на лицето со мраз, нов тренд по кој лудуваат ѕвездите

Повеќето топ модели сосема „полудеа“ по новиот тренд наречен Ice facial, а меѓу нив е и Кејт Мос која секојдневно го практикува. Ice facial е всушност миење на лицето со мраз-ладна вода или уште подобро, со коцки мраз, а има повеќе бенефити. Подготовките за овој третман се едноставни и ефтини – во сад се става ладна вода и многу коцки мраз, а потоа лицето се нурнува во садот, односно кофата, и се држи десетина секудни, 20-на, половина минутка за најхрабрите, и толку. Отечената кожа веднаш „спласнува“, а теност станува сјаен.

Но овој третман, освен што ги „брка“ отоците од лицето, има и други предности. Одличен е за отстранување на акни и бубулици, и за чистење на кожата, ако во коцките мраз се додаде и камилица. Чајот од камилица кој се додава во кофата со мраз, претходно треба да биде изладен преку ноќ во фрижидер.

Третманот е одличен и за отстранување на подочниците, особено кога наутро мразот ќе се држи на тоа место.

„Ice facial“ може да помогне и против големите пори. Наполнете голем сад со мраз-ладна вода, додадете неколку коцки мраз, а потоа едноставно, на кратко нурнете го лицето во водата.

x

Check Also

Мултиколор е новиот тренд на нокти, Рита Ора и Кристин Стјуарт веќе го носат

Глумицата Кристин Стјуарт на настанот Metiers d’Art на Chanel, се појави со ...