Идеален костим за капење за полничките дами: Визуелно минус 5 килограми

Исто како што на фотографија може да изгледате до 10 килограми покрупни, така и на плажа може да изгледате послаби доколку го одберете правилно костимот за капење.

Мерилин Монро костимот за капење со полка точки и висок стук на гаќичките визуелно ги намалува килограмите

Мерилин Монро костимот за капење со полка точки и висок стук на гаќичките визуелно ги намалува килограмите

Полничките дами често имаат проблем со избор на костим за капење, а проблемите некогаш стануваат толку сериозни што добар дел од полничките девојки знаат и да се откажат од излегувањето на плажа. Но само ако следите неколку правила секоја жена може да изгледа многу привлечно на плажа, а и визулено да е барем 5 килограми потенка.

Иако црната боја е најдобра за „маскирање“ на телесната тежина, не треба да се држите строго до неа, зошто и други бои доаѓаат предвид – темно сина, лилакова, кафена, како и необичните дезени.

Во случај на шари одберете го оној костим за капење на кој силните бои се таму каде што се вашите предности на телото, а темните шари треба да бидат онаму каде што сакате нешто да скриете.

Едноделен костим за капење со набори на струкот е идеален за оние кои сакаат да го сокријат стомакот

Едноделен костим за капење со набори на струкот е идеален за оние кои сакаат да го сокријат стомакот

Вертикалните риги визулено го издолжуваат телото но и калеидоскопските шари даваат визуелно ефект на минус 5 килограми.

Со цветните шари ттреба да бидете повнимателни, а најдобро е да ги избегнете особено ако се во светла боја. Светлите бои на костими за капење визуелно додаваат килограми, а и таквите костими за капење често знаат да бидат проѕирни откако ќе се намократ.

Едноделен костим за капење на кој долниот дел е во темна боја, а горниот во светла дава ефект на минус 5 килограми

Едноделен костим за капење на кој долниот дел е во темна боја, а горниот во светла дава ефект на минус 5 килограми

Иако за полничките дами најдобар избор е едноделниот костим за капење, тоа не е и единствен избор. Широките колкови на пример, може да изгледаат многу женствено ако долниот дел на костимот за капење е во форма на шорц или сукњичка.

Еден од популарните модели на костим-сукњичка кој е совршен за полничките девојки

Еден од популарните модели на костим-сукњичка кој е совршен за полничките девојки

x

Check Also

Листа на желби: Летна чанта од MANGO

Какошто деновите стануваат се потопли, размислуваме за летна, лесна чанта, иста онаква ...