Идеална холивудска убавина низ децениите

Стандардот за женската убавина се менува од деценија во деценија. Во 1900-те години убави жени се сметале оние кои имале наивност на девојченце, а Америка ја форсира Лилијан Гиш како модел на совршена жена.

Лилијан Гиш

Лилијан Гиш

Лилијан Гиш и нејзината сестра Дороти биле кралици на црно-белиот „нем“ филм во Америка. И двете имале крупни очи нагласени со креон, мали усни, женствени кадрици и интензивно невин израз на лицето. И двете беа идеал за совршена и воздржана женственост. А нивните тела? Тенки, нежни, речиси кршливи и обвиткани со тантела или свила.

Клара Боу

Клара Боу

Во 1920-те години „прстолот“ на убавица и припаѓа на Клара Боу. Клара беше и првата „ИТ“ девојка, девојка која не ги почитувала конвенционалните норми на однесување. Намигнува, флертува, шармира…Препознатлива е по нејзината боб-фризура, тркалезно лице, смели усни и саркастичен израз. Телото пак, малку заоблено, со мали гради и нагласени колкови.

Џин Харлоу

Џин Харлоу

Џин Харлоу станува поим за убавина во 30-те години на минатиот век. Нејзината платинеста-руса коса со крупни кадрици била инспирација на милиони жени, меѓу кои и Мерилин Монро. Секс-симболот на 30-те години имала нагласени тенки веѓи како контраст на издолжените трепки. Фустаните со гол грб го оцртувале нејзиното женствено тело.

Рита Хејворд

Рита Хејворд

40-те години идеалната жена требала да има долга коса, долги нозе, и да биде висока. Таква е Рита Хејворд. Сјајна коса, совршени усни и природни веѓи. Висока и со здрав изглед.

h5

„Ладните“ русокоси од филмовите на Хичкок беа дефиниција за  вкусот на 50-тите години: беспрекорно дотерани, недостижни жени со тесни половини, со тркалезни лица. Ким Новак и малата бринета Одри Хепберн беа совршени, но Грејс Кели беше вистинскиот идеал за убавина: средна фигура, сини очи, и префинетост наместо енергичност.

Софија Лорен

Софија Лорен

60-те години носат две убавици за да ја дефинираат совршената убавина. Феј Данавеј која сеуште го чува духот на „ледените“ русокоси од минатата деценија, но и Софија Лорен со нејзината експлозивна силуета, големи очи, полни усни, и „претерувања“ во сите делува на телото – од колкови до гради.

Дајан Китон

Дајан Китон

Дајан Китон стана икона на 1970-те години, заедно со Шерон Тејт, убиената жена на Роман Полански. Тејт имаше повеќе традиционална убавина – бадемасти очи, природно русокоса и висока, но Китон со својата насмевка, енергичност спортивна на „кршливиот“ изглед беше вистински идеал на тоа време.

 

Ким Бесинџер

Ким Бесинџер

80-те години идеалот на женска убавина го носеше името Ким Бесинџер. Големи усни, големи кадрици на русата долга коса, ретки веѓи, правоаголно лице и совршена телесна тежина.

Винона Рајдер

Винона Рајдер

90-те години донесоа нов модел на жена. Мала и  слатка џепна Венера, мила, со крупни очи, темна коса и убава фигура. Таа беше добра како самовила но истовремено и деликатна, па и бунтовна. Како Винона Рајдер.

Хали Бери

Хали Бери

Новиот милениум започна со поимот за убавина – Хали Бери. Со атлетско тело, црвсти гради и нозе и многу природно лице со нежни јагодички, но директен израз.

h12

Сеуште ја немаме целосната слика за идеалот на оваа деценија, можеби совршената убавина се огледува во Ема Стоун, но многу поверајатно дека таа се гледа во лицето и фигурата на Лупита Нионго. Времето ќе покаже.

x

Check Also

Обезбедете низа поволности со картичката за лојалност на Кроациа Осигурување-Живот

Животното осигурување станува сѐ поатрактивно за македонските граѓани што ги препознаваат бенефициите ...