Идеалната тежина нема врска со тоа што го покажува вагата

Некои луѓе треба да загубат повеќе килограми за лицето да им сјае, а некои помалку. Научниците тврдат дека тоа е совршен показател за здрава и идеална телесна тежина.

Идеалната тежина е индивидуална работа и секој треба да обрне внимание на која телесна тежина неговото лице изгледа најубаво и според тоа да ја прилагоди исхраната – или да се здебели или да ослабне. На пример, ако се гледа само на димензиите на струкот, може да се случи лицето да не биде така убаво какво што може да биде.

Истотака, луѓето прво го забележуваат лицето, а струкот подоцна, тврдат експертите.

За жените да бидат попривлечни на спротивниот пол би требале просечно да загубат 6,3 килограми, а мажите 8,2 килограми, според податоците за просечна тежина на луѓето во западните делови на светот. Тогаш доаѓа до промена на лицето која сите ќе ја забележат, тврдат научниците од Универзитетот во Торонто.

Па, наместо макотрпни диети и вежбање, повеќе внимание треба да посветиме на обликот на лицето, односно да загубиме толку килограми колку е потребно за лицето да изгледа блескаво и убаво. Загубата на преголем број на килограми, како и добивањето на тежина, можат да го „деформираат“ лицето, односно да го направат погрдо.

x

Check Also

Кајгана диета, звучи вкусно, а одлично функционира

Познато е дека свежите јајца имаат протеини, витамини и минерали, заситуваат, а ...