Идеално здолниште за вашето тело

За секоја жена има барем еден тип здолниште во кое ќе изгледа фантастично, без оглед на несовршенството на телото…

 f89

Од  мини здолништата преку дамските молив здолништа до оние со средна должина со  рамен крој. Секое од нив е идеално за одредена форма на тело. Пронајдете се во четирите основни видови, дизајнот прилагодете го на вашето тело и изгледајте убаво.

Облик на телото како јаболка

Тоа е форма на телото кај која долниот дел е пократок, а околу половината и стомакот сте  посилни. На оваа форма одлично и одговараат куси здолништа со висок струк кои ги истакнуваат нозете, а ги  прикриваат колковите. Тие се одлични бидејќи го маскираат критичниот дел на телото, а поради должината ги истакнуваат нозете. Овие здолништа може да бидат и спортски како здолништата кои ги носат   тенисерките , а ако изберете пофина ткаенина, може да го  носитесоа балетанки, секси апостолки или сандали.

Облик на телото како  банана

Половината, колковите и рамената  ви се речиси со иста ширина . На овој тип на жени одлично им прилегаат здолништа кои ја следат линијата на телото, а препорачливо е да се со мини должина. Ова е добар избор, бидејќи краткото здолниште ќе ги истакне облините кои ги имате и на тој начин малку ќе  додаде во волумен, а ќе ги истакнете и нозете. Здолништата со шари, без разлика дали се работи  за точки или животински принт исто така ќе додадат волумен односно ќе создадат илузија на облини. Кратките асиметрични рабови ќе го одвратат вниманието и ќе ги нагласат нозете.

Песочен часовник фигура со нагласени колкови

Ќе изгледате одлично со „pencil“ здолниште. Таквиот крој визуелно ги намалува колковите и да ги ублажува облините. Иако молив- здолништето  може да даде конотација на бизнис стил, ако изберете некое во боја или го разиграте горниот дел, ќе имате одличен изглед.  Високиот струк на здолништето  ќе овозможи вниманието да биде насочено кон средниот дел од телото, повеќе отколку на колковите.

f34

Облик на телото како  круша

Колковите се најширокиот дел од вашето тело, а имате и посилни нозе. Ќе изгледате фантастично во здолниште со А – крој. Здолништата со A – крој и висок струк исто така го нагласуваат средниот дел на телото визуелно намалувајќи ја ширината на колковите. Тие се одличен избор за овој облик на телото и здолништата со средна должина  кои ја следат линијата на телото или здолништата  до колена од полесни материјали.

x

Check Also

Почнува продажбата на Huawei P40 Pro и на македонскиот пазар во пакет со Huawei Watch GT 2, 50 GB меморија на Cloud и Huawei VIP Service

Предводникот на серијата P40 – Huawei P40 Pro, објавен вчера на глобалниот ...