Идеи за декорација: Разнобојна и весела велигденска трпеза

Ако и вам ви здодеа класичното и елегантно дотерување на велигденската трпеза, годинава „облечете“ ја масата на поинаков начин. Таа ќе асоцира на радост, само доколку си поиграме со боите и детаљите.

dek 79

Почнете од чаршафот. Наместо бел, одберете виолетов, жолт, зелен или чаршав на риги во светли бои. Средината на масата украсете ја со ваза полна со жолти и виолетови цвеќиња (на пример, лалиња и зумбули). Во проѕирен сад наредете јајца бојадисани во истите бои. Книжните салфетки одберете ги во друга весела боја, на пример, зелена. Дури и колаченцата можат да ја украсат ваквата весела трпеза доколку се со фил во розова или жолта боја.

Еве само неколку идеи за инспирација, понатаму препуштете и се на вашата фантазија и креативност.

 

x

Check Also

ОФИЦИЈАЛНО ЗАПОЧНАА СТУДИИИТЕ НА ЛОНДОН МЕТРОПОЛИТАН УНИВЕРЗИТЕТОТ

Од денес и официјално стартуваа со настава сите три студиски групи по ...