Идеи за декорирање на домот за Ноќта на вештерките

Пред нас е забавната Ноќ на вештерките за која, ако не поради нас самите, тогаш за нашите деца домот го украсуваме со изрезбани тикви. Но, не мора да се само тикви, може за замена да употребиме жолти пиперки-бабури, балони, или пак да направиме тикви од хартија.

Доколку одлучите да декорирате со тикви, искористете ги големите, малите, правилните и неправилните, жолтите и зелените тикви, а нивното украсување може да послужи како вистинска забава за целото семејство. За украсувањето може да ви послужат бројни детаљи, од али-фолија до капчиња, шапки до стари очила. Ослободете ја фантазијата!

Секако, потребни ви се бои, темпери или фломастери, а доколку сакате тиквите да светат мора да ги издлабите и да направите дупки во вид на очи, уста и нос, а за светло наместо свеќи може да употребите и батерии.

Многу успешни декорации се прават и со бисквити, варени јајца, па дури и со пица.

Соберете нови идеи од фотогалеријата.

 

 

x

Check Also

HUAWEI P smart 2021 пристигна на македонскиот пазар со quad камера, стилски дизајн и батерија од 5000mAh 

Најновиот смартфон на Huawei, базиран на AppGallery – Huawei P smart 2021, ...