Идеи за украсување на велигденско дрвце

Велигденските украсени дрва во последните години станаа многу популарни, а годинава ваквите фотографии го преплавија Инстаграм. Не мора да станува збор само за дрвце, подеднакво убаво изгледа и кога ќе се украси букет пролетно цвеќе во ваза.

По урнекот на украсување на божиќните елки, и украсувањето на велигденските дрвца бараат креативност и весели бои. Овојпат „лампиони“ се бојадисаните јајца, дрвените јајца или јајцата од плута, но во предвид доаѓаат и бисерчиња, фигури со велигденска симболика направени од хартија во боја (зајчиња, моркови), и секако – бонбоните и чоколатцата во форма на јајца или зајчиња.

„Прелистајте“ ја фотогалеријата за идеја повеќе.

 

x

Check Also

Согорување калории – Крофните ќе ги истопите со 45-минутно возење велосипед со брзина од 20 километри на час

На топ листата на производи чија калориска вредност неретко ја потценуваме се ...