Идиличен хотел во Базаруто: Анантара ги отвори вратите за гости и во Африка (ФОТО)

Групацијата Анантара хотелс се прошири за првпат и во Африка, со идиличниот хотел и спа ресосрт сместен на островот Базаруто.  

ostrov 1

Анантара Базаруто се наоѓа на африканското источно крајбрежје кое припаѓа на Мозамбик. Тропскиот остров Базаруто отсега ќе може да очекува и гости од А-листата, а пристапот до хотелот е лесен благодарение на честите летови од Јоханесбург.

ostrov 3

Хотелот е вгнезден во идилично природно опкружување, содржи 44 вили од 90 до 330 квадратни метри, сите со луксузен и уникатен ентериер, без исклучок на дрвото кое е карактеристично за оваа област. Некои од вилите имаат и приватни базени со џакузи опкружени со градина, каде вечерата може да биде интимна.

ostrov 6 Секако, сите вили имаат прекрасен поглед на океанот. Ресортот вклучува шест ресторани и барови и голф терен.

За оние со истенчен вкус, Анантара нуди т.н Дизајнирана вечера која ја подготвува врвниот шеф на кујната претходно прашувајќи какви состојки сакате да вклучи во специјалитетот. Дополнително се нудат и професионални часови за готвење и часови за градинарство, особено за начин на садење и одгледување на орхидеи.

ostrov 4

Деновите можат да се поминат во потполно спокојство и релаксација, а попладневните часови во спа центарот каде се нудат најразлични третмани и масажи.

ostrov 5

Архипелагот Базаруто е еден од најпознатите во светот по можностите за нуркање. Благодарение на отворениот океан кој носи ветар, идеален е и за сите оние кои сакаат да сурфаат и скијаат на вода, но и за оние кои сакаат да пловат.

ostorv 2

Областа е позната и по присуството на делфини кои се приближуваат до самиот брег. За нуркачите интересни се коралите и огромните водни желки, а китовите се гледаат во далечината.

Хотелот нуди и сервис за венчавање, како и посебен третман за двојките кои тука дошле на меден месец, иако во портфолиото се наведува дека е идеален и за семеен одмор со деца. Салата за венчавање може да собере 60 гости.

x

Check Also

Португалија е прогласена за најдобра европска дестинација

Читателите на најпопуларното списание за патувања „Conde Nast Traveler“ ја прогласија Португалија ...