Играниот филм „Ефектот на среќа“ имаше успешна проекција за странски дистрибутери на Канскиот фестивал

Играниот филм „Ефектот на среќа“ во режија на Борјан Зафировски денес имаше успешна проекција пред голем број странски филмски дистрибутери на Канскиот фестивал. Главните ликови во ова остварување ги толкуваат Дејана Попоска, Сашко Коцев и Ана Стојановска додека во останатите улоги се појавуваат Сара Анастасовска, Јовица Михајловски, Петар Арсовски и Мими Таневска.

продуцентот Сашо Пешев, главната актерка Дејана Попоска и режисерот Борјан Зафировски после проекцијата во Кан

Сценариото е на режисерот Зафировски и познатиот драматург и писател Дејан Дуковски. Продукцијата е на „Ново Македонско Видео“, а најголемиот дел од буџетот е обезбеден од Агенција за филм на Република Македонија. Копродуценти се „Њу Момент“ и националните филмски фондови на Србија, Косово и Црна Гора.

Македонија годинава го има најплодното учество на филмскиот фестивал во Кан. Во официјалната конкуренција ќе се натпреварува копродукцијата „Дивата Круша“  на режисерот Нури Билге Џејлан, а на филмскиот маркет покрај „Ефектот на среќата“ на Борјан Зафировски ќе бидат прикажани и „Дедо и внук“ на Илија Пиперковки, како и два краткометражни филмови „Една“ и „Готлиб“.

Нашата земја е присутна и со промотивен штанд во рамките на павилјонот на државите од Југоисточна Европа, а во изданија на списанието „Холивуд репортер“, Агенцијата за филм пласираше и промоција на Македонија како дестинација за снимање филмови.

Канскиот филмски фестивал почна на осми мај со премиерата на Todos lo Saben на иранскиот режисер Асгар Фархади во кој играат Пенелопе Круз и Хавиер Бардем. Големата манифестација ќе трае до 19 мај кога ќе биде прогласен и победникот на највисокото признание, Златната палма.

x

Check Also

Стипендии за студенти по рударство, геологија и животна средина на УГД Штип

Рудникот за олово и цинк САСА во следната учебна година 2018 / ...