IKEA ќе нуди можност за изнајмување на мебел

Интересни новости пристигнуваат од популарната марка за мебел и уредување на домот, Икеа. Наскоро, на своите верни купувачи Икеа ќе им даде можност за изнајмување на мебел. Па така, оние кои имаат изнајмен стан или работен простор, ќе можат да изнајмат мебел од Икеа за да го уредат, а по извесно време истиот да го вратат.

Со тест фазата Икеа веќе започна во Шведска. Така, оние кои, на пример, немаат кујна во изнајмениот простор, сега преку Икеа можат да ја изнајмат. Во иднина со оваа иницијатива, како што велат од Икеа, ќе продолжат пошироко.

-Кога договорот за наем ќе истече, мебелот може да се врати или да се изнајми нешто друго, објасни Торбјорн Луф, извршниот директор на Икеа.

Целта на овој нов бизнис модел е на клинетите да им се олеснат работите околу уредување на домот, но и да се делува на процесот на еколошко освестување.

x

Check Also

Иднината на модата е одржлива Crafting the future Athens

Фондацијата „Onasis Stegi“ во соработка со „British Council“ организираше дводневна програма во културниот ...