IKEA предлози, есен 2018 – Како да го уредите малото купатило

Ретро керамика, мали мијалници, бели завеси, романтични детаљи и аголни структури за да се искористи најдобро што може целиот расположив простор на малото или средно-големо купатило.

Еве ги предлозите на ИКЕА кои ќе ве натераат да се вљубите во промените кои ни ги носи новото годишно време.

Во бело

За визуелно да добиете поголем простор организирајте го купатилото во бела боја. Така, ќе изгледа поотворено и чисто. Поиграјте си само со нијансите на плочките на подот и ќе добиете бања – место на задоволствата.

Романтика за двајца

Украсете ја вашата бања со неутрални тонови, но не заборавајте на елегантните детали како што се свеќи и тематските декорации. Атмосферата ќе биде свежа и романтична. Две огледала, два едноставни шкафчиња, две чергички…за романтична атмосфера направена посебно за двајца.

Црно и нежно сино

Многумина мислат дека оваа комбинација е невозможна, но сепак од ИКЕА лесно ќе ве премислат и ќе покажат дека изгледа феноменално! Изберете ја за ѕидовите сината, аквамарин нијанса, а потоа декорирајте го просторот со црни елементи.

Кафеното е шик

Кој рече дека купатилото треба да биде бело? Нам многу ни се допаѓа и кога е темно. Пробајте со комбинација на кафена и малку сива нијанса.

На виделина

IKEA не убедува дека купатилото може да изгледа средено и организирано дури и кога се е на виделина. На овој начин се добива визуелно поголем простор, кој секако не е пренатрупан.

Искористете го аголот

Аголот-најболната точка на купатилото кој често останува неискористен. Но тука се аголните шкафчиња и проблемот е решен.

Нежно зелено, ретро

Пастелно зелената боја кога е доминантна во купатилото создава ретро изглед. Комбинирајте ја со бели елементи и ќе добиете купатило од соништата.

Елеганција

Како да додадете боја? Ако купатилото го организирате во класична црно-бела нијанса, доволно е да додадете тепих во „жива“ боја и да добиете впечатлив амбиент.

x

Check Also

Неделен хороскоп (5ти – 11ти ноември): Топ знаци на неделата Стрелец, Вага и Лав

Оваа неделат планетата Јупитер го напушта знакот Шкорпија и влегува во Стрелец, ...