ELVARLI

IKEA шкафови: 9 најубави модели

Шкафот, особено кога е полн, е најдобар пријател на жената. Па, ако барате практичен и модерен шкаф, еве ги најубавите предлози потпишани од Икеа.

Pax – најбаран модел со безброј можности

Многу повеќе од „едноставен“ шкаф, Pax е вистински „систем на гардеробер“, способен да се моделира по секој вкус. Се продава во „гола“ структура која потоа се надградува според личните потреби, во стандардни димензии, но со можност да се персонализира внатрешноста и надворешноста (вратите), вклучувајќи ја и бојата.

PAX

 ASKVOLL – Основен модел со модерен допир

Со структура од дрво, овој есенцијален шкаф задоволува различни вкусови, а изгледот му е свеж, додека ниеден детаљ не е поставен случајно.

ASKVOLL

TYSSEDAL  – за класична и „кантри“ соба

За оние кои имаат романтични спални соби, најсоодветен е шкафот TYSSEDAL . Структурата и детаљите се класични, но се чувствува и оној „кантри“ допир.

TYSSEDAL

HEMNES – Скандинавски дизајн

Традиционален, стабилен и со нордиски стил, нема кој да не се вљуби во неговата еднставност. Идеален е за оние кои бараат шкаф со карактер и автентичност.

HEMNES

ELVARLI – Како да имате продавница за облека во спалната соба

За динамичните кои се во чекор со модерниот стил ELVARLI е идеално решение.  Шкафот е отворен, а гардеробата ви е пред очи, па имате добра прегледност.

ELVARLI

UNREDAL – идеален за гостинска соба

Во мали димензии, но практичен, овој отворен шкаф е добредојден за гостинските соби или пак, за луѓето кои немаат многу облека. А кога не служи за облека, може да се трансформира во шкаф за книги, списанија или за други украсни предмети.

UNREDAL

TRYLIS – во минималистички стил и шик

Шкаф со чисти линии, минималистички и шик, кој добро се вметнува во секој амбиент. Овој шкаф е идеален за оние кои сакаат да менуваат стилови – тој се адаптира на секоја ваша промена.

TRYLIS

BRUSALI – Како шкафот на баба

Еве еден шкаф за оние кои го сакаат традиционалниот допир. Со стабилна структура од дрво, овој шкаф е вистинско ехо на непогрешливиот Икеа стил, кога станува збор за класиката.

BRUSALI

BRIMNES – Совршен за мали спални соби

Ако имате малку простор во спалната соба, еве го решението. Овој шкаф е идеален дури и за мини спалните. Дизајнот пак, му е таков за лесно да се прилагоди во секој амбиент, дури и во оние „најнемозможните“. Пробајте и уверете се.

BRIMNES

x

Check Also

А1 Македонија продолжува со подароци за своите корисници: Бенефити од користење на услугата Е-сметка и можност за подарок електричен велосипед

Денеска заврши првиот од трите циклуси на извлекувања за седум електрични велосипеди, односно ...