Икона на стилот: Гугл денес го слави Антони Гауди

На денешен ден пред 161 година е роден врвниот архитект кој е заслужен за денешниот лик на Барселона, Антони Гауди.

antoni 0

Благодарение на неговите градби (меѓу кои Саграда фамилија, Каза Батло и Каза Мила) Барселона е повеќе од град.

Гауди се родил на 25 јуни 1852 година, како најмладо од петте деца во семејството. Завршил факултет за архитектура, а кариерата ја започнува благодарение на познатиот индустријалец Еусебио Гуељ, кој бил маѓепсан од неговите дела. Години подоцна и паркот што Гауди го дизајнирал според желбата на овој свој заштитник ќе го добие името Гуељ.

Каза Мила

Антони Гауди животот воглавно го минал неразбран од околината. Последните 25 години од животот ги посветил на работата на катедралата „Саграда Фамилија“, импресивна градба која до денес не е довршена.

Прочуениот архитект го завршува својот живот со бедна смрт. На 7 јуни 1926 на улица го прегазил трамвај. Поради запуштениот изглед никој не го препознал Гауди и тој е одведен во болница за сиромашни. Кога пријателите го нашле следниот ден, одбил да биде преместен во подобра болница. Починал два дена подоцна, на 9 јуни.

antoni 2

Денес Антони Гауди е гордост на Барселона, а благодарение на неговите вонвремени дела туристи од целиот свет со години се воодушевуваат на стилот и модата која тој ја наметна.

x

Check Also

Розовото палто на Џеки Кенеди

Ни 50 години по смртта на американскиот претседател Џон Кенеди приказните не ...