Икона на стилот: Симонета Веспучи, музата на Ботичели

Ренесансните италијански уметнички дела насекаде се познати како едни од најубавите воопшто создадени во историјата. Меѓу прочуените имиња на тој период е и Сандро Ботичели, сликарот од Фиренца, славен по извонредните дела Раѓањето на Венера и Пролет. Се верува дека музата за двете дела на Ботичели е Симонета Веспучи.

симонета веспуци

Симонета Веспучи е родена како Симонета Катанео де Кандиа во 1453 година во Порто Венере. И двајцата родители, Гаспаре Катанео дела Волта и Катокиа Спинола биле од  славни благороднички семејства, исклучително почитувани. На 16-годишна возраст Симонета се мажи со Марко Веспучи, внук на прочуениот истражувач Америго Веспучи. Вљубен во Симонета која била позната по убавината и по прекарот Убавата Симонета, Марко ја запросил, а нејзините родители веднаш се согласиле за бракот поради неговите силни врски со семејството Медичи.

simoneta 3

Симонета и Марко се венчале во 1469 година во Фиренца во познатата палата Медичи, а Симонета набргу станува миленичка во семејството Медичи. Нејзината убавина веќе станува симбол за совршена жена низ цела Фиренца и имиџот и носи безбројни љубовни понуди, веројатно и тајни врски. Еден од нејзините вљубени додворувачи бил и Џулијано де Медичи кој воопшто не ја криел својата љубов. Дали двајцата биле љубовници или станува збор за платонска љубов е непознато.

Сепак, на натрпеварот на кој победува Џулијано, убавата Симонета е прогласена за Кралица на убавината. Една година подоцна, таа умира од туберколоза. Имала само 22 години.

По нејзината смрт, Симонета станува славна и како најубава жена во Италија, а подоцна и како најубава жена на ренесансата.

simoneta 4

Нејзината убавина и денес живее преку сликите на Ботичели, а многумина истражувачи на уметноста тврдат дека еден од најголемите сликари на ренесансата, Сандро Ботичели, бил смртно вљубен во својата муза.

Дека има вистина во љубовната приказна на Ботичели и неговата Венера, потврдува фактот што сликарот непосредно пред смртта, во 1510 година, ја искажал својата последна желба – да биде погребан покрај нозете на Симонета во црквата Оњисанти на семејството Веспучи, каде што таа била погребана.

М.М

x

Check Also

Розовото палто на Џеки Кенеди

Ни 50 години по смртта на американскиот претседател Џон Кенеди приказните не ...