Има само 5 години, а фанатично ја следи модата

Алонсо Матео има само пет години, а со својот стил привлече веќе 22 илјади следбеници на Инстаграм. Момченцево има пет страници за обожавателите кои го следат неговиот стил.

 

Модната приказна на Алонсо Матео започна лани кога неговата мајка, инаку дизајнерка, на својот Инстаграм почна да постира негови фотографии.

 

 

Секое утро пред училиште таа му помагала да ја одбере најдобрата модна комбинација и набргу станал најобожаваното дотерано момче со кое сите сакале да се фотографираат. Момчето заедно со родителите живее во Калифорнија, каде се доселени неодамна од Мексико.

 

 

alonso 1

Но, на Алосно салавата не му удрила во глава, па пред своите обожаватели е срамежлив.

 

Момчето го забележаа и некои познати светски стилисти, па веројатно му претстои раскошна модна кариера.

 

 

 

x

Check Also

Скопје Сити Мол стартува со Black Friday Week

Black Friday во Skopje City Mall не е само еден ден. Ниту ...